• Latest

Заедничка изјава на граѓанските организации од Западен Балкан за Берлинскиот процес: Најпотребната иницијатива за регионот на Западен Балкан

September 20, 2022
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

Баснословното богатство на сега уапсениот Давор Мацура: Од менувачници до банка, 15 фирми, луксузни вили и милионски зделки со државата

November 2, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Ден потоа: Ова не е љубов, ова е договор

November 2, 2026
Протест во Тирана, 1 ноември 2026 година (Снимка од видео објавено на Фејсбук од „Revolucioni i Flamingove“)

Како слоганите како „Повеќе училници, помалку бомби“ се вклопува во пропагандната стратегија на Кремљ

November 2, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Долгото развлекување на денот „Д“ за Мицкоски

November 2, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Афера Алта банка: Од „парите ви се достапни“ до лимит од 10.000 денари – ИМА ЛИ ПИЛОТ ВО АВИОНОТ!?

November 2, 2026

Брвеница не е „етнички плен“

November 2, 2026
Постизборна ноќ во Србија, 25 октомври 2025 (скриншот од видео на социјалните мрежи)

Србија: Студентската листа најавува декриминализација на државата во првите 100 дена

November 2, 2026

Афера АЛТА БАНКА: Кој ги штити парите и политичката мрежа од Белград до Скопје и Москва?

November 1, 2026
Марко Кричак

Апсење на високи полициски функционери: Што се случува во српскиот безбедносен апарат?

November 1, 2026

Руската воена економија: Санкции, структурни пукнатини и цената на агресијата

November 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА

Заедничка изјава на граѓанските организации од Западен Балкан за Берлинскиот процес: Најпотребната иницијатива за регионот на Западен Балкан

September 20, 2022 11:53
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе граѓанските организации од Западен Балкан ја поздравија најавата од страна на германскиот канцелар Олаф Шолц за Самитот на Западен Балкан во Берлин во ноември 2022 година за давање поттик на Берлинскиот процес. Со заедничка изјава тие ја потврдуваат посветеноста да придонесат кон оваа  иницијатива за регионот на Западен Балкан.

Ние, долупотпишаните чинители на граѓанското општество ја поздравуваме најавата од страна на германскиот канцелар Олаф Шолц за Самитот на Западен Балкан во Берлин во ноември 2022 година за давање поттик на Берлинскиот процес. Земајќи ја во предвид оваа перспектива, ја потврдуваме нашата посветеност да придонесеме кон оваа мошне потребна иницијатива за регионот на Западен Балкан.

Берлинскиот процес беше широко пофален за неговата улога во подигнување на регионалната соработка на невидено ниво. Тоа се правеше во критично време, кога одржливоста на мирот, помирувањето и демократските процеси започнати по војните во 90-тите се најде под сериозен напор, а етнонационалстичките сили и надворешните авторитарни влијанија сé повеќе го загрозуваат евроатлантскиот пат на регионот на Западен Балкан.

Додека ЕУ и нејзините земји членки, од Самитот во Феира во 2000 година постојано ја потврдуваат својата поддршка за ЕУ интеграцијата на шесте земји од Западен Балкан, прогресот е сепак многу бавен, а ЕУ не успеа да дејствува во согласност со своите ветувања дадени кон регионот на Западен Балкан. Иако отворањето на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија претставува значаен чекор напред, штетното одложување до оваа фаза е забележително. Исто така, доделувањето на визна либерализација за Косово заостанува, непочитувајќи ги сите критериуми за визна либеризација исполнети од страна на Косово. Со неисполнување на своите ветувања, ЕУ значително му прави штета на кредибилитетот на Западен Балкан и на довербата и надеждта што граѓаните во регионот ја имаат вложено во ЕУ.

Како резултат на застојот на процесот на ЕУ интеграција/пристапување, недовербата и разочарувањата некако стануваат сé поексплицитно изразени, додека други актери ја искористуваат оваа ситуација со јасно различни парадигми на партнерство, дипломатија, државна сувереност, човекови права, слобода на изразување и владеење на правото.

Како резултат на руската инвазија против Украина од 2014 година, ние предупредуваме дека ваквите конфликти и нивните можни силни реакции кон регионот на Западен Балкан се отворен потсетник дека стабилноста и мирот не се дадени еднаш засекогаш, па така мора постојано да се унапредуваат. Исто така, влијанието на националистичката реторика насочена кон тоа да се свртат граѓаните на Западен Балкан едни против други, како и малгното странско мешање, вклучувајќи ги и руските хибридни напади, не треба да се занемарат. Оваа влошена средина бара посилно истакнување на безбедноста во Берлинскиот процес.

Анализата на европската поддршка за напредокот на Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, со фокус на периодот што кулминира со самитите во Софија 2020 и Берлин во 2021 година, посебно го истакнува следното:

Создавањето на Заедничкиот регионален пазар и Зелената агенда за Западен Балкан имаат огромен позитивен потенцијал – но сега на добрите зборови потребно им е внимателно понатамошно следење.

Воспоставувањето на „Зелени ленти“ за олеснување на движењето за време на пандемијата со Ковид-19 и укинувањето на роаминг трошоците обезбедија понатамошни успешни примери за регионална соработка – дури и да има уште многу што може да се направи за подобрувањети на поврзувањето, дигиталната инклузија и слободата на движење во регионот и во земјите на Европската унија (ЕУ).

Сомнежите околу процесите на ЕУ интеграција и пристапување од сите страни ризикуваат поткопување на политичкиот и техничкиот напредок кон регионално помирување, соработка и интеграција. На пример, составена од само три од шесте земји на Западен Балкан, Иницијатива „Отворен Балкан“ може да го поткопа силниот потенцијал на Заедничкиот регионален пазар, кој ужива пошироко регионално прифаќање.

Има простор за поголем фокус на безбедносните предизвици во регионот во рамките на Берлинскиот процес – но, овие повеќе се однесуваат на градењето на општествени барање за дејствување против организираниот криминал, корупција и етно-национализмот отколку на инвестирање во антитероризмот.

Вклученост во граѓанското општество, младински и еколошки движења – и покрај тоа што е релативна силна страна на Берлинскиот процес до денес – сепак може значително да се подобри, со пропратни придобивки во сите други области. Младинските структури особено имаат неискористен потенцијал.

Напорите за помирување остануваат заглавени и оттука бараат повеќе посветен политички ангажман, повнимателен дизајн на процесите и поголема инклузивност.

БП работи на интеграцијата на Ромите, изгледа охрабрувачки доколку се задржи во фокус.

Меѓутоа, анализата исто така покажува дека генерално Берлинскиот процес се наоѓа на крстопат. Иако бележи одредени успеси во политиките, а дијалогот што го промовита е сé понеопходен, понатамошен опиплив напредок по клучни регионални прашања сега станува сé поургентен. Недостатокот на јасни структури на управување, слабата институционална меморија и флуктуацијата во приоритетите на водечките држави – како и тензиите и слабите стимулации за напредок во рамките на регионот – може сето ова да го поткопа.

Комплементарноста на Берлинскиот процес со формалните ЕУ процеси за проширување, исто така, треба понатаму да се усклади. За да се одржи потенцијалот на Берлинскиот процес и за градењето на мирот и придвижување на демократизацијата и евроатлантската интеграција на Западен Балкан, потребно е група земји и лидери да ја преземат мантијата.

Надоврзувајќи се на оваа анализа, ние им нудима на организаторите на Берлинскиот процес и засегнатите страни препораки во шест области:

  1. Да се овозможи Берлинскиот процес повторно да стекне моментум со тоа што ќе му се даде посилен столб, ќе се постави на поцврста основа и да се овозможи истиот да споделува, координира, учи и да се прилагодува.
  2. Да се ослободи целосниот потенцијал на граѓанското општестви на Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес преку негово интегрирањр како мотор на идеи и одговорност.
  3. Да се искористи Берлинскиот процес за создавање на регион на Западен Балкан каде што младите имаат повеќе меѓусебни врски, можности и глас.
  4. Да се подобри соработката и синергиите низ шесте земји на Западен Балкан и да им се помогне на клучни иницијативи како што се Заедничкиот регионален пазар и Зелената агенда.
  5. Да се задржи помирувањето во центарот на напорите на Берлинскиот процес за градење на регионална соработка и развивање на силна јавна поддршка за тоа.
  6. Да се подобри слободата на движење и поврзувањето.

Ние,  долупотпиашаните,  го потврдуваме нашето ветување за преземање поголема одговорност за следење на агендите на Берлинскиот процес, за барање одговорност од владите на шесте земји на Западен Балкан за спроведување на препораките од самитите на Берлинскиот процес и исполнување на критериумите за ЕУ интеграција, стои во заедничката изјава.

На иницијатива на Балкан Форум од Косово, на заедничката изјава за Берлинскиот процес се потпишаа 25 граѓански организации од регионот на Западен Балкан.

Меѓу потписниците на оваа заедничка изјава на граѓанските организации од Западен Балкан е и ЦИВИЛ.

М.Д.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ