Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат бојкот на настани што ги организира градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Повод е вчерашниот настан каде на почетокот на реконструкцијата на улицата Перо Наков не беше поканет градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.
Поради немањето на соодветна и нормална комуникација што треба еден градоначалник на Град Скопје да ја има за добробит на градот, како и поради неисполнувањето на обврските од ветеното од програмата „За модерно Скопје, поради кој и беше дадена довербата на градоначалничката Арсовска, но и нејзината силна инволвораност во сомнителни и криминогени зделки ВМРО-ДПМНЕ во целост се оградува од однесувањето на Арсовска и градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ нема да присуствуваат на ниту еден настан на градоначалничката Арсовска. Нека и е честито новата коалиција на уценетата Арсовска и дезертерот Ковачевски – се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Во понеделникот Арсовска изврши увид на изградбата на мега паркот во општина Ѓорче Петров каде исто така не присуствуваше градоначалникот Александар Стојковски, што не беше случај во изминатиот период кога на заеднички проекти заедно се појавуваа и даваа изјави.
Д.Варошлија