• Latest

Транспаренси Интернешнл – ДКСК: Мало подобрување во примената на Законот за заштита на укажувачите

October 7, 2022

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
Фото: Дејан Трајковски / Фејсбук

Трајковски: Денеска Албанија е земја кандидатка за членство во ЕУ, која успешно отвора поглавија – Македонија стана едно бесперспективно и тажно место за живеење

August 21, 2025

Османи со „градежна стража“ против урбаниот хаос во Чаир

August 21, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Суровата реалност на протестите во Србија: Полициска бруталност, закани, селективни апсења

August 21, 2025
Војо Маневски

Треба ли кандидатите за локална власт да поминат задолжителна обука?

August 21, 2025
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Дипломатија или капитулација – Како граѓаните ги гледаат напорите за мир во Украина

August 21, 2025
Фотографијата покажува пламен како се издига од рафинеријата за нафта Новошахтинск по нападот со дрон на 21 август 2025 година. Фото: Astra / Telegram

Украински напад со дронови предизвика пожар во рафинерија за нафта во руската област Ростов

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНТИКОРУПЦИЈА

Транспаренси Интернешнл – ДКСК: Мало подобрување во примената на Законот за заштита на укажувачите

October 7, 2022 15:49
in АНТИКОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Иако повеќе од институциите имаат воспоставено систем на заштитено внатрешно пријавување, не ја исполниле обврската за доставување извештај до Државната комисија за спречување на корупција од причина што немаат примени пријави од укажувачи, покажуваат искуствата од имплементацијата на Законот за заштита на укажувачите кои беа презентирани на денешната работилница на Транспаренси Интернешнл и ДКСК.

Анализата на примените полугодишни извештаи покажува дека има мало подобрување во примената на Законот за заштита на укажувачите во однос на заштитено внатрешно пријавување.

Поднесените пријави преку каналот на внатрешно пријавување кој е воспоставен во институциите, покажува дека граѓаните се охрабруваат да ја користат оваа можност за пријавување на сомневање/сознание за незаконитости или неправилности во работењето на институциите.

Од страна на институциите, кои во рамки на внатрешното пријавување примиле пријави од укажувачи, известено е дека постапиле согласно законот, спроведени се конкретни дејствија во насока на проверка на наводите во пријавите и се презеле конкретни мерки согласно закон.

Претседателката на Транспаренси Интернешнл – Македонија, Слаѓана Тасева, укажа на недостатокот на систем што ќе обезбеди поддршка за укажувачите и лицата кои ги примаат пријавите.

– Имаме закон, но немаме систем за заштита на укажувачите. Само еден случај имаме идентификувано од почеток до крај. Мораме да видиме во што е проблемот, зошто е тоа така, треба ли да се вклучи инспекција или поголеми санкции, дали е одговорот во дополнување на законот, мислам не, рече Тасевска, која порача дека треба подобра организација.

Според Билјана Ивановска, претседателка на Државна комисија за спречување на корупција, законот заживува и охрабрува фактот дека, како што рече, гледаме сѐ поголем број луѓе кои се присутни за вмрежување на системот на заштита.

– Факт е дека треба охрабрување на луѓето, да бидат сигурни дека се безбедни и нема да сносат последици, тоа се основните причини да се охрабрат да пријавуваат, рече таа.

Ивановска информираше дека од минатата година е развиен софтвер кој овозможува укажувачите да пријават неправилности оставајќи го својот ИД број без никакво откривање на нивната личност.

Законот за заштита на укажувачите стапи на сила на 18 ноември 2015 година, а започна да се применува на 18 март 2016 година. Оттогаш секој може да пријави случај на кривично дело или друго незаконито однесување и со тоа активно да се вклучи во настојувањата за законитост и владеење на правото, но и во борбата против корупцијата. Законот обезбедува заштита за оној што ќе пријави и за неговите блиски лица.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ