Кримскиот мост кој го поврзува полуостровот Крим со Русија рано утринава беше погоден од голема експлозија и се урна дел од неговата конструкција.
Воениот аналитичар и пензиониран австралиски генерал Мик Рајан изјави за Скај њуз дека очекува уште еден егзодус на Руси од Крим по пожарот на мостот. Судејќи според фотографиите кои доаѓаат од полуостровот, тоа се случува.
Стотици жители на Крим од рано утрото стојат во редици пред бензинските пумпи.
Првиот егзодус од Крим се случи во текот на летото, кога украинските сили гранатираа таму воени цели.