Украински официјални претставници, како и целото население, го искористија инцидентот со експлозијата на цистерна полна со гориво на мостот што ги поврзува Русија и Крим за иронично да му го честитаат седумдесеттиот роденден на рускиот претседател Владимир Путин на социјалните мрежи.
Секретарот за национална безбедност и одбрана на Украина, Олексеј Данилов, на својот твитер-профил објави фотографија од оштетениот Кримски мост, а покрај неа снимка на Мерлин Монро од настап на кој таа му ја пее песната „Среќен роденден, господине претседателе“ на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди во 1962 година. Објавата е проследена со порака „Добро утро Украина!“.
Доброго ранку, Україно! ?? pic.twitter.com/UQMI6LheSR
— Oleksiy Danilov (@OleksiyDanilov) October 8, 2022