• Latest

Столтенберг: Ако Русија искористи нуклеарно оружје значи дека се преминува важна граница

October 13, 2022
Фото: Скриншот од видео на Times Now World

Илјадници протестираат во Унгарија против законот во руски стил, насочен кон медиумите и невладините организации

May 19, 2025

Напнато во Нови Сад: Граѓани и членови на СНС истовремено протестираа, полициски интервенции до двете групи

May 19, 2025

Предлогот за гувернер на Народната банка денеска во Собранието

May 19, 2025
Вработените во итната помош работат на гаснење на пожарот предизвикан од руски напад врз Кијив во текот на ноќта на 24 април 2025 година. Фото: Украинска државна служба за итни случаи

Русија изврши рекорден напад со 273 беспилотни летала врз Украина пред планираниот телефонски разговор меѓу Трамп и Путин

May 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Израел ќе дозволи „основни“ количини храна во Газа додека воената офанзива се интензивира

May 19, 2025
Американскиот претседател Џо Бајден Фото: Whitehouse

На поранешниот претседател на САД, Џо Бајден му е дијагностициран „агресивен“ рак на простата

May 19, 2025

Линии со код, реки од крв

May 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Доколку излезните анкети бидат потврдени, Рафал Тржасковски и Карол Навроцки ќе се натпреваруваат во вториот круг за претседател на Полска

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на France24

Раните излезни анкети покажуваат дека центристичкиот градоначалник на Букурешт, Никусор Дан, е на пат да победи на романските претседателски избори

May 18, 2025
Фото: Претседател на Украина

Зеленски во Рим се сретна со потпретседателот на САД Венс и државниот секретар Рубио

May 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Столтенберг: Ако Русија искористи нуклеарно оружје значи дека се преминува важна граница

October 13, 2022 20:31
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот секретар на НАТО предупреди дека употреба на било каков вид на нуклеарно оружје од страна на Русија ќе предизвика сериозни последици, но не можеше да даде детали, јави дописничката на МИА од Брисел.

Руските заплашувања со нуклеарно оружје ќе ја променат природата на војната во Украина, се согласија денеска сите земји членки на НАТО.

Ако Русија употреби нуклеарно оружје против Украина тоа ќе има многу сериозни последици, и ова е нешто што Русија го знае, сојузниците и го соопштија тоа на Русија на разни начини, и нема да навлегувам каков точно ќе биде нашиот одговор, но ќе ја промени природата на конфликтот, тоа ќе значи дека е премината многу важна граница, дури и ако е мало нуклеарно оружје, природата на конфликтот ќе биде изменет, Русија знае дека ќе има последици, ова денеска на прес конференција во Брисел го соопшти генералниот секретар на НАТО.

Тој повеќе пати повтори дека Северноатлантската алијанса е само одбранбен сојуз и дека нејзината цел е да спречи употреба на нуклеарно оружје, и да ги заштити нејзините членови. Тоа значи дека и најмал напад на земја членка ќе го активира членот пет на НАТО за колективна одбрана.

Еден за сите, сите за еден, рече Столтенберг.

Во случајот на Украина генералниот секретар меѓутоа остана јасен дека во оваа војна НАТО само пружа поддршка, но не е дел од конфликтот.

Тоа нема да ги спречи земјите членки да продолжат да и помагаат на Украина економски, хуманитарно и со оружје. Шпанија на министерскиот состанок за одбрана овие два дена најавила исто така дека ќе испраќа дополнителна вооружена помош за да се зајакне противвоздушната одбрана на Киев во момент кога Москва ги засилува нападите врз украинските градови и таргетира цивили и критична инфраструктура.

Запрашан за коментар по изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон за потребата од евентуален дијалог со Русија и дали со ова Франција го поткопува НАТО, Јенс Столтенберг кусо одговори дека “темелната цел на НАТО е нуклеарно спречување и спречување на агресија“ и дека ризикот од напад е многу далечен.

На состанокот на министрите за одбрана се одржа дискусија за потребата да се наполнат залихите на оружје на земјите членки, кои полека се празнат поради војната во Украина, и донесена е заложба за соработка со воената индустрија за зголемување на производството на потребно оружје.

Министрите се осврнале и на ситуацијата на Западен Балкан, посебно во Босна и Херцеговина и Косово.

Во однос на Босна и Херцеговина НАТО изрази надеж дека мисијата Алтеа во БиХ ќе добие продолжување на својот мандат од страна на Обединетите Нации.

Што се однесува до Косово, генералниот секретар укажа на заострувањето на реториката и од српска и од косовска страна и побара од сите да се воздржат. За НАТО најдобро и единствено решение за Србија и Косово е дијалогот под водство на ЕУ. Ова е кажано денеска на седница на министрите со високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

    Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Група британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ и промена на политиката кон Србија

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • Ахмедин Шкријељ, СДА Санџак, Србија: Ниту една пропаганда не може да го избрише фактот дека имаше геноцид во Сребреница

    86 shares
    Share 34 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ