• Latest

Министерот Спасовски и претседателката на ДКСК, Ивановска, потпишаа договор за соработка

October 14, 2022

Граѓански форум: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

September 25, 2026
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА (АНТИ)КОРУПЦИЈА

Министерот Спасовски и претседателката на ДКСК, Ивановска, потпишаа договор за соработка

October 14, 2022 11:06
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска потпишаа Договор за соработка и размена на податоци во електронска форма и Меморандумот за соработка со кој се уредува начинот на соработка, координацијата и имплементацијата на заеднички договорените активности, заради претходно утврдена цел – унапредување на системот на заштита на укажувачите, како ефективна алатка во борбата против корупцијата.

Со договорот за размена на податоци, Министерството за внатрешни работи ќе и овозможи на ДКСК да добива податоците во електронска форма преку веб сервиси и да ги обработува истите во однапред определена структуирана електронска форма, во реално време во најкраток можен рок. Електронската размена на податоците ќе се реализира преку Националната платформа за интероперабилност, на која и двете институции се поврзани и во согласност со прописите од областа на електронското управување и електронските услуги.

За таа цел од страна на Одделот за информатика и телекомуникации при Министерството за внатрешни работи се изработени следните три веб сервиси: 1.Сервис за преземање и проверка на лични податоци од Регистарот за лични документи 2.Сервис за преземање и проверка на податоци од евиденцијата за подвижен имот -моторни возила регистрирани во земјата, сопственост на физички и на правни лица- 3. Сервис за преземање и проверка на податоци од регистрите за оружје кои се водат во МВР.

Потпишувањето на договорот претставува чекор напред во дигитализација на процесите и дигиталната трансформација, а истовремено ќе овозможи зголемување на ефикасноста и ефективноста на ДКСК во спроведување на нејзините законските надлежности.

Во поглед на Меморандумот за соработка предвидено е двете институции да соработуваат на темата на заштитено пријавување, во насока на олеснување и подобрување на процесот на заштитено пријавување во Република Северна Македонија, во согласност во надлежностите кои им се утврдени со Закон за заштита на укажувачите.

ДКСК го иницира потпишувањето на Меморандумот, а со цел овозможување за користење на софтверското решение за унапредување на процесот на заштита на укажувачите од страна на овластено лице за прием на пријави за укажувачи во МВР.

Со користењето на софтверското решение ќе се овозможи мрежна поврзаност на лицата овластени за прием на пријави од укажувачи од сите органи на државна управа и институции, а токму ова софтверското решение претставува дополнителна ефективна алатка во борбата против корупцијата.

На чинот на потпишување, обострано беше искажано задоволството од унпредувањето на соработката помеѓу двете инститцуии, која и досега беше на високо ниво. Беше заклучено дека со потпишувањето на горенаведените акти и користењето на дигиталните алатки ќе се овозможи интензивирање на соработката во насока на остварување на заедничка цел борба против корупцијата и владеење на правото.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ