• Latest

Ковачевски: Сите кои не пријавиле имот во ДКСК, треба да бидат санкционирани согласно законот

October 27, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Сите кои не пријавиле имот во ДКСК, треба да бидат санкционирани согласно законот

October 27, 2022 15:00
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Секој функционер без разлика од која партија доаѓа, без разлика на која функција е поставен, и без разлика на кое ниво е во државната управа, има должност согласно со Законот за спречување на корупција да достави имотен лист за се она што поседува до Државната комисија за спречување на корупцијата, којашто потоа јавно го објавува.

Сите оние што не го направиле тоа во законскиот рок, треба да бидат санкционирани согласно со законот и согласно со процедурите и законите врз основа на коишто работи ДКСК. И од тоа никој никогаш не добил заштита, ниту од мене, ниту од кој било член на Владата, бидејќи се што е предвидено согласно со закон треба да биде изречено како санкција.

Ова од собраниската говорница го изјави премиерот Димитар Ковачевски, во одговор на пратеничко прашање на Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ, „зошто ги штити функционерите кои имаат непријавен имот“ и дали тој самиот има непријавен имот.

– Второ ме прашавте за мене. Еднаш ви одговорив, се што јас поседувам го имам стекнато низ 22-годишна кариера во приватниот сектор. Се што сум работел можете да најдете во секоја биографија што е објавена и сето тоа е пријавено во ДКСК. Вие фабрикувавте една афера, која нема никаква основа, затоа што вашата политичка партија, вашиот претседател и вашиот градоначалник на Град Скопје, се најдовте во средиште на огромна афера која сами си ја извадивте пред граѓаните, во која себеси се обвинувавте кој какви тендери местел во „Водовод“ – Скопје и кој какви вработени вработувал, без ниту една друга политичка партија да ви се меша. Јас тогаш кажав и сега кажувам – врз основа на сите закони во државата, јас побарав од адвокати да постапат во согласност со сите законски одредби во тој дел и поднесено е барање до пратеникот кој јавно зборуваше по прес-конференции невистини да се извини, во спротивно постојат закони за тоа што го зборуваше, да го докаже на суд, а исто така на мое барање, до ДКСКС е доставено се ова што тој го зборуваше, да се провери, рече Ковачевски.

Според него, кога се зборува за имоти, ВМРО-ДПМНЕ прво треба да си погледне во сопствениот двор.

– Прашање ми поставува пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, чиешто седиште е синоним за криминал и за незаконски стекнат имот врз грбот на граѓаните. Со судска пресуда во случајот „Талир 2“ е докажано дека дворецот што вреди седум милиони евра, е незаконски криминално стекнат врз грбот на граѓаните, односно со пари украдени од граѓаните. Тоа значи дека тие кои што тогаш биле на власт краделе од граѓаните, правеле имот, се луксузирале и на незаконски начин изградиле објект, додека граѓаните тонеа во сиромаштија и во долгови во време кога минимална плата беше 9000 денари, кога три пати беше помала социјалната помош и кога немаше никаков закон за стечајните работници, рече Ковачевски.

Тој додаде дека такви милионски суми биле злоупотребени, а исто така и процедурите биле злоупотребувани.

– Деталниот урбанистички план за таа зграда трипати е менуван за да може партијата да добие 12.000 квадратни метри за седиштето, на место на станбена зграда каде што било предвидено да никне хотел. И таа шема е докажана на суд. Затоа кога се зборува за имоти, треба прво да се погледне во сопствениот двор, одговори Ковачевски.

На ова пратеникот Петрушевски реплицираше дека селективната правда е многу поголема од неправда, но, како што рече, „кога ќе се ослободи судството ќе има одговорност за сите“.

– Бидејќи јавно кажавте дека сте постапиле во согласност со законите, зошто не сте појасен, зошто не кажете дека уделот во „Пиксел груп“ сте го поклониле без надомест на вашиот кум. Со тоа правите две проблематични ситуации во државата. Прво, избегнувате данок, а второ, суштината на целата афера за криење имот е токму тоа, што вие му поклонувате на вашиот кум удел во фирма за да ви ја чува, за кога ќе завршите со политиката на истиот начин со истите адвокати ќе се вратите како косопственик во „Пиксел груп“. И затоа, да и помогнам на ДКСК, „Пиксел груп“ добива државни пари, во вредност од четири исплати од ФИТР во вредност од 4,3 милиони денари и државна помош во осум исплати со вкупна вредност од 27,3 милиони денари или вкупно 31,5 милиони денари, рече Петрушевски.

Ковачевски на ова одговори дека тој ги повлекол ликвидните средства од таму каде што бил основач и го отстапил уделот на тој што останува сопственик.

-Тоа што вие го зборувате, за продавање удел во фирма, тоа го имаат вашите правено и затоа ова што го кажавте сега и на вас ви препорачувам, да излезете и да го кажете надвор од говорница, за да може и вие сето ова да го докажете пред суд. Инаку сето ова што го зборувате, е само фабрикување, рече премиерот.

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ неодамна обелодени, како што ја нарече „афера Тајни имоти“, тврдејќи дека имот криеле 123 функционери од партиите од власта, меѓу кои, според партијата, има директори на државни институции, членови на управни и надзорни одбори, од кои некои со месеци, а некој од нив и со години, не поднеле анкетни листови до ДКСК.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ