• Latest

Мишев: Боли тоа што нашите путинољупци си прават хе-хе-нца со туѓата несреќа во Украина

March 13, 2023

Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

October 1, 2025
Фото: Амбасада на САД во Северна Македонија/ Фејсбук

Поради затворањето на американската влада, Фејсбук сметката на амбасадата на САД нема да се ажурира регуларно

October 1, 2025
Џелал Незири
Фото: Ариан Мехмети, ЦИВИЛ

Незири во интервју за ЦИВИЛ за клучните геополитички и локални предизвици – остро и директно

October 1, 2025
фото: Фејсбук на Изет Меџити

Меџити: Османи доктор на Тик-Ток, ама не за Чаир – ДУИ ја продаде каузата на Албанците за српски банки и казина

October 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на DawnNews English

Италијанската премиерка ѝ наложи на флотилата за помош за Газа да запре или ризикува да стане изговор за спречување на мирот

October 1, 2025

Ден на бранителите и бранителките на Украина

October 1, 2025

Народен правобранител: Бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачкото право за локалните избори

October 1, 2025

„Неслушнатите 12 милиони“ – Советот на Европа со повик за акција за правата на Ромите и Патниците

October 1, 2025
Фотографија: МВР

Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ: За што сè треба да се подготват патниците

October 1, 2025
Пожар избувна во рафинеријата за нафта Ново-Јарославски во рускиот град Јарослав на 1 октомври 2025 година. Фото: Руски Телеграм канал Астра

Пожар избувна во голема руска рафинерија за нафта во Јарослав по наводен инцидент „предизвикан од човек“

October 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ

Мишев: Боли тоа што нашите путинољупци си прават хе-хе-нца со туѓата несреќа во Украина

March 13, 2023 12:17
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ
Share on FacebookShare on Twitter

Помина цела година како трае 72 часовната руска „специјална операција“ во Украина. Цела година руски воени злосторства, цела година гранатирање и уништување на цивилни објекти и инфрастуктура, цела година грозоморни слики од убиени цивили, меѓу кои и деца, силувања, ограбувања, масовни гробници, ќелии за мачење. Но и цела година херојски отпор на Украинците, вели Драган Мишев, ЦИВИЛ Медиа, на конференцијата „Украина – година на хероизмот“, на невладината организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ – Центар за слобода и Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија.

Иако, според сите релевантни извештаи кои ги пренесував уште пред почетокот на руската агресија врз суверена Украина, нападот беше сосема извесен, дури и точниот датум беше предвиден, во растојание од неколку денови, сепак, уште една мала искра надеж тлееше дека сепак такво нешто нема да се случи. Во 21 век, една држава да нападне друга суверена независна соседна држава, невозможно е, ма дајте ви се молам. Па зарем е тоа можно…

За жал, излезе дека сепак е можно, особено кога таа држава е Русија, која ја предводи токму (нетокму) Владимир Путин.

Шок… Втората армија во светот ја нападна малубројната и слабо вооружена украинска армија. „За 48 до 72 часа ќе го освоиме Кијив“, трубеа агресорите со големи латинични букви Z (остаток од свастиката откако другиот дел го украле корумпираните руски политичари и воени добавувачи) на своите униформи и возила.

И навистина, на почетокот стигнуваа извештаи дека руските агресори кратко време навлегоа во предградието на главниот град на Украина. Но, дотука било…

Оттогаш па наваму, Украинците се во постојана офанзива да ги потиснат руските агресори. Искрено, истото го насетив уште за време на херојскиот отпор на гарнизонот во Азовстал, кого не можеа да го совладаат со недели руските трупи, потпомогнати од платениците на чеченскиот господар на војната, Кадиров. Ги ангажираа доволно долго руските војници подалеку од Кијив, по што дојде до пресврт во војната и тргна операцијата на протерување на путиновата армија од околината на главниот град , а сега веќе и од цела Украина.. во моментов Русите стравуваат од украинска офанзива за ослободување на Крим, и со право. Начинот на кој што ја изведоа деокупацијата на Харкив и Херсон, сега веќе опремени со модерно западно оружје, е импресивен.

За целото време на пренесување на информациите од украинското боиште, со посебен акцент на одбраната на Украина и целиот слободоумен свет од руската воена агресија, при тоа потенцирајќи ги цивилните жртви и кршењето на човековите права во оваа неиспровоцирана војна, не стивнуваа нападите од овдешните путинољупци, кои не можат да преболат дека не им се остварија сеирџиските планови за пад на Украина, апсење на Зеленски и устоличување на нивниот „возљубен“ Путин како цар на возобновената руска империја… Она што особено боли, е нивното ликување на туѓата несреќа, човечките и материјални жртви, повици за уште пожестока руска делување, па дури и барање „братот“ Путин да употреби нуклеарно оружје. А ставањето насмеани емотикони на вести и фотографии на убиени деца… е тоа навистина покажува во колку очајна состојба се наоѓаат овие наши рашисти.

Со надеж дека барем малку придонесов за разбирањето на вистината во војната во Украина, и дека војната ќе заврши во скоро време, останувам на браникот на човековите права, слободата и демократијата, исто како и предходниве тегобни дванаесет месеци, во кои известувајќи за оваа безумна руска агресија врз Украина, целосно се соживеав со страдањето на храбриот украински народ.

Слава Україні! Все буде Україна!

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Скопје – „Метропола“ на сметот!

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ