• Latest

Руски борбен авион се судри со американски дрон над Црното Море

March 14, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Руски борбен авион се судри со американски дрон над Црното Море

March 14, 2023 19:14
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Руски воен авион утринава го оштетил пропелерот на беспилотното летало MQ-9 Reaper на американското воено воздухопловство над Црното Море, изјави американски претставник запознаен со инцидентот. Беспилотно летало Reaper и два авиона SU-27 Flanker летале над Црното Море кога еден од руските авиони намерно пролетал пред дронот и истурил гориво пред него, истакна официјалниот претставник.

Еден од авионите потоа го оштетил пропелерот на Reaper, кој е поставен на задниот дел на дронот, потврди официјалниот претставник. Оштетувањето на пропелерот ги принуди Американците да го соборат Reaper во меѓународните води на Црното Море, јави Си Ен Ен.

Руски и американски авиони летаат над Црното Море во текот на војната, но ова е прва позната таква интеракција, потенцијално опасна ескалација во критичен момент од борбите.

Нашиот  MQ-9 вршеше рутински операции во меѓународниот воздушен простор кога беше пресретнат и погоден од руски авион, што резултираше со пад и целосно губење на MQ-9. Овој небезбеден и непрофесионален чин на Русите за малку ќе предизвикаше пад на двете летала, изјави генералот на американските воздухопловни сили Џејмс Хекер, командант на американските ВВС во Европа и Африка. 

Генералот Кристофер Каволи, главниот воен командант на НАТО, наводно ги информирал сите 30 земји-членки на воената алијанса за пријавениот инцидент над Црното Море. Воздухопловните сили на САД објавија соопштение во кое ги обвинија руските авиони дека се однесуваат на „невнимателен, еколошки нездрав и непрофесионален начин“.

Околу 7:03 часот (CET) еден од руските авиони Су-27 го погоди пропелерот на MQ-9, принудувајќи ги американските сили да го соборат MQ-9 во меѓународни води. Неколку пати пред сударот, Су-27 млазни авиони истуриле гориво и летале пред MQ-9 на несовесен, еколошки нездрав и непрофесионален начин, се вели во соопштението.

Г.Т.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: американски дронРуски авионСудирЦрно море
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result