• Latest

Вие секогаш може да му се вратите на Ќосето

April 2, 2023
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
Фото: ФБ Мицкоски

Полицијата повика неколку лица на информативен разговор за националистичките скандирања на кошаркарскиот натпревар во Куманово

August 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Вие секогаш може да му се вратите на Ќосето

April 2, 2023 14:48
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Многу е интересно кога се гледаат тие „вистини“ преточени во мутации, внатре во она кое го живееме, читаме и го поимаме како „информативен жанр“. Внатре во тие наративни обрасци гледаш јасно во што живеевме пред 2017 година, а во што живееме денес.

Пред 2017 година работите беа превртени на глава, што значи дека беа лесни за препознавање. Пропагандата на претходниот режим беше страшно очигледна. Кога еднаш ќе ги презреш, кога само еднаш ќе излезеш од таквиот чудесен ментален свет, гледаш колку е препознатлива и лесна за дешифрирање; па, ако го знаеме сето тоа, лесно беше и да ја отфрлиме од себе. И да одиме спротивно од сѐ она кое го знаевме во тоа време.

Денес, пак, е важно нешто друго: ние влеговме во една нова „софистицирана“ фаза, а со тоа, велам, мене не ми претставува никаков проблем, од типот, да речеме, „слушајте, денес пропагандата е многу порасипана, или денес е многу полошо од пред 2017 година“. Не, тоа се чисти глупости! Затоа што не е полошо, само треба да си базично искрен кон себе и тоа што го гледаш околу себе.

Денес, дури и кога се лаже, се лаже попристојно. И не, јас не ја потценувам таквата врста на постигнување, затоа што заврти-одврти, па дури и лицемерието е еден вид на цивилизациски напредок за она кое го имавме пред 2017 година.

Ако до вчера ги имавме тие митолошко-лудачки наративи за антиквизацијата, пропратени со физички репресалии од најразлични врсти, тефтерчиња за судење, апсење пред камери итн., ние денес имаме друга врста на пропаганда, односно некои поими кои ги генерираме, а таквата пропагандна намена е од типот: Европа, човекови права, малцински права, Отворен Балкан, иако и овие поими кај нас произволно се полнат со содржина, сепак, климата меѓу луѓето е далекууу порелаксирана. Неспоредливо е поподнослива оваа земја од она кое беше само до вчера.

Денес меѓу луѓето се промени парадигмата од корен: почнаа сите да лупетаат кој колку пари има и што можат на себе да си приуштат во таа материјална смисла. Добро, немојте да ме разберете погрешно: како и сите луѓе, така и јас, не сакам да сум без пари, сакам убаво да живеам, нема тука никаков проблем… И не сакам глупаво да морализирам дека човек не треба да размислува за својот личен стандард. Се разбира дека тоа е ужасно важна работа за секој човек на планетата земја, па така и за мене. Не сум сакал никогаш, а и никогаш нема јас лично да се колнам во оној малограѓански „култ на сиромаштија“. Јок, море! Туку во суштина, што денес е голем проблем?

Кога требаше за тоа да се размислува, пред 2017 година, кога живееме во едно геополитички помирно време, кога не татнеше вирусот корона, војната во Украина и останати регионални и светски лудила, и кога требаше да го направиме оној одлучувачки исчекор напред во финансиска смисла, и да се етаблираме како нормална Европска земја, тогаш луѓето, апсолутно мнозински, почнаа да ја голтаат антиквизацијата и груевизмот, ма што голтаат, почнаа низ вени да ја шприцааат таквата шеќерна водичка.

Размислуваа за „не го даваме името“, бојкотираа одење во Грчка, фантазираа за најголемиот син на Македонците прилично морбидно, одобруваа масовна окупација на јавните простори, исфрлање на пратеници, на крајот одобрија и терор во Собранието. Со години се зборуваше дека ќе јадеме и корења, само Груевски да продолжи да владее онака како што владееше, ама не им се даваме на никому, ниту ќе ѝ се дадеме на таа „курва Јевропа“, нема да им се дадеме ниту на соседите „грабливци“…

Е, драги мои, така луѓето ја упропастуваа сопствената земја, а богами ги упропастуваа и сопствените поединечни егзистенции.

Така што, во времето кога сѐ пропаѓаше, па така пропаѓаше и секој личен (или поединечен) живот во материјална смисла. Сега луѓето, се разбира, ужасно се нестрпливи и ужасно фрустрирани од сопствениот живот, сопствената сиромаштија, сопствената бесперспективност, па таквата апмплитуда од нивните размислувања отиде во друга крајност. И денес сѐ гледаат низ призмата на парите.

Да тргнам од мојот пример. Јас немам повеќе пари од пред година, две или три, дури имам и помалку пари, што значи дека имам исто, а работите чинат повеќе, па кога се ќе се собере и одземе, слободно може да кажам дека јас имам помалку пари. Ама тоа мене воопшто не ми смета да заклучам дека јас денес живеам подобро отколку што живеев порано.

Живеам подобро затоа што живеам во трошка подобро и поздраво општество од она кое беше со Груевски. Живеам во понормално општество, општество со помалку страв, општество без никакви репресалии и останати замисливи и незамисливи лудила…

Што е, драги мои, заборавивте ли дека постоеше Никола Груевски? Се заборави сѐ: се заборави срамот што Груевски ни го приреди, се заборавија апсењата, убивањата, се заборавија пендреците, прислушувањата и пресретнувањата на секои демонстрации… Сѐ се заборави, тоа денес повеќе не е важно.

Денес е важно само тоа што „уљето за моторот“ чини повеќе од пред неколку години. Во тоа шишенце денес лежи сета наша смисла и сите критериуми.

И затоа јас не се чудам денес кога Арсовска, да речеме, сака да го врати споменикот на Ќосето. Мислам, како да ви речам, кога сѐ заборавивме, кога единствено парите ни се важни, и кога еден градоначалник не на било кој град, туку градоначалничка на градот Скопје нема на што да се потпре во идејна смисла, што да ви речам друго освен да ja парафразирам Ингрид Бергам во филмот „Касабланка“: „We’ll Always Have Paris“.

Добро, Скопје не е Париз, па тогаш да ја парафразирам градоначалничката во своите поими и значење: Ако ништо не ве придржува и на ништо не може да се потпрете, вие секогаш може да му се вратите на Ќосето.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: колумнаНенад ЈовановиќЌосето
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ