• Latest
Фото: миа.мк

Конференција: Дигитална трансформација на општеството на ефикасен, безбеден и етички начин

April 4, 2023
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Конференција: Дигитална трансформација на општеството на ефикасен, безбеден и етички начин

April 4, 2023 12:47
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Фото: миа.мк

Фото: миа.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Дигиталните технологии нудат многу можности за подобрување на животот на граѓаните, но треба да бидат искористени на ефикасен, безбеден и етички начин. Дигиталната трансформација треба да биде инклузивна, предводена од граѓаните и приспособена на нивните потреби, а приоритет да бидат дигиталните компетенции на младите како една од најранливите категории во општеството и негови идни лидери.

Кон таа цел е фокусирана меѓународната конференција „Дигитална трансформација за граѓаните” која во организација на Фондацијата „Метаморфозис“ се одржува денеска и утре во Скопје.

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на отворањето на дводневната конференција рече дека дигиталната трансформација е реалност на 21 век и не е прашање на желба или избор, туку на опстанок и развој во нови услови.

-Таа има потенцијал да донесе радикални подобрувања, да го забрза решавањето на системските проблеми кои се напластувале во изминатите децении и кои го кочат развојот. Употребата на дигиталните технологии води кон поголема ефикасност, кон помали трошоци, подобар квалитет на животот и кон намалување на корупцијата при доаѓање на граѓаните до услугите, истакна Грковска, додавајќи дека се работи за процес кој неминовно ќе се случи, но не преку ноќ, и дека е поврзан и со придружни опасности како што е сајбер безбедноста.

Справувањето со ризиците, рече таа, мора да се одвива паралелно со развивањето на дигиталните услуги, за граѓаните да имаат заштитени лични податоци во дигиталниот свет. Нагласи дека покрај инвестиции во дигиталната инфраструктура, важна е и едукацијата за стекнување дигитални вештини на населението.

Соопшти дека Владата пред две недели го усвои Концептот за дигитална трансформација на општеството кој ќе се спроведува со други институции, со приватниот и граѓанскиот сектор и со академската заедница и дека неговата примена ќе овозможи системска и организирана трансформација на општеството.

-Спроведување на Концептот, меѓу другото, значи воведување на електронската лична карта и мерки со кои ќе се поддржи поврзувањето на сите домаќинства на широкопојасни услуги за да се избегне продлабочувањето на постоечките дигитални јазови во општеството и маргинализација на цели групи од општествените текови… Концептот предвидува формирање Агенција за дигитализација која ќе дава насоки за управување со промените при дигитална трансформација на администрацијата…, истакна Грковска.

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу во воведното излагање информираше дека главна цел треба да биде управувањето со човечки ресурси и оптимизацијата на бизнис-процесите во институциите.

-Многу често не се дава значење на тоа. Како земја не сме го напреднале овој процес во различни институции, во образованието, во здравството, ја немаме и потребната култура и соработка да бидеме поотворени на процесите. Затоа каскаме и сме два чекора поназад, не ги искористивме можностите што ни ги даде КОВИД-от за побрза дигитална трансформација и повторно почнуваме од нула да развиваме процеси со новите технологии. Институциите и граѓанските организации заедно треба да направат култура за дигитален напредок која се создава само преку соработка, отвореност и во чекор со времето, затоа што дигиталните технологии се многу динамични и се менуваат секојдневно, истакна Алиу.

Соопшти дека како министер кој е во Владата еден месец ќе се залага активно за спроведување на стратегиите на МИОА за дигитализација и за сајбер-безбедност и порача дека е потребно соработка и менување на менталитетот во користење на дигиталните технологии.

-Ќе се обидеме да дигитализираме 150 услуги за граѓаните, тоа е иницијатива што сакаме наскоро да ја имплементираме. На пример, со поштите во Македонија, каде што може да се применат дигиталните услуги… Треба да има и поголема соработка и комуникација меѓу министерствата, и да работиме на менување на менталитетот, а не на инфраструктурата, зашто најчесто нас не обвинуваат  дека ние треба да ги информираме граѓаните да ги користат овие технологии, додаде Алиу.

Бардил Јашари, извршен директор на Фондацијата „Метаморфозис“, која ја организира конференцијата, истакна дека главен предизвик е сајбер-безбедноста, не само како технологија, туку како стандарди и протоколи во самите институции и како способност на луѓето да навигираат низ комплексниот дигитален простор и да бидат поотпорни на дезинформации.

-Ова е предизвик сега и во иднина. Друг предизвик е јазот на вештини, сите во општеството треба да ги имаат потребните вештини за да ги користат услугите што им ги дава Владата. Отпорот и стравот кон промена е исто така уште еден предизвик кој е важен зашто ја кочи дигиталната трансформација во нашиот регион. Без пристап со отворен ум и без инклузивен пристап  не можеме да се надеваме дека дигиталната трансформација ќе ги донесе корисните работи, истакна Јашари на отворањето на конференцијата која денеска и утре ќе опфати  седум панел-дискусии со учесници од регионот.

Tags: Грковскадигитална трансформацијаМИОА
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ