• Latest
Фото: миа.мк

Шукова: Започнува имплементацијата на Проектот за управување со отпад во пет региони во државата

April 5, 2023
Бленди Ходаи (фото извор: ФБ профил на авторот)

„Дали ти изгледам како идиот?“

September 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Кога немате леб, јадете колач

September 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вирусологија

September 8, 2026
„Украина и иднината на Европа“, Лондон, 7 септември 2026

Повеќе од 200 учесници на „Украина и иднината на Европа“ во Лондон – парламентарци, медиуми и граѓанско општество во заедничка дебата

September 7, 2026
Путин - Виткоф, 5 септември 2026

Од срамно додворување на Путин до преговори со Зеленски: Виткоф ништо не постигна и по осмата посета на Москва

September 7, 2026
Томас Шулце, БСВ

По изборите во Саксонија-Анхалт: АФД убедливо победи, ЦДУ пред тешки дилеми, БСВ и Левицата клучни за формирањето на власта

September 7, 2026

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕН ЦИВИЛ

Шукова: Започнува имплементацијата на Проектот за управување со отпад во пет региони во државата

April 5, 2023 12:09
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕН ЦИВИЛ
Фото: миа.мк

Фото: миа.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Со потпишување договор за грант средства во износ од 700 илјади евра обезбедени од Шведска агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА) наменети за техничка поддршка за спроведување на проектот „Регионален проект за цврст отпад“ со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и со консултантската куќа „СУЕЗ Консалтинг“ (САФАГЕ)  од Франција, чија задача ќе биде да даде помош на проектната единица во Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) одговорна за реализација на заемот од ЕБОР, МЖСПП практично го почна спроведувањето на проектот за Регионално управување со отпад во кој ќе бидат опфатени пет региони во земјава од кои во четири воопшто нема ни основна инфраструктура за управување со отпад.

Проектот ќе се спроведува со средства од заемот од ЕБОР во висина од 55 милиони евра, кој е веќе верификуван во Собранието, а се очекува да биде реализиран во наредните три до четири години. Со него се предвидува изградба на нови регионални депонии во Новаци и најверојатно во Василево, како и подобрување на веќе постојната депонија во Русиново. Во нив ќе се депонира отпадот од 48 општини.

– Овој договор фактички го означува почетокот на проектот за Управување со отпад, кој се финансира во рамките на заемот од 55 милиони евра кој е одобрен од ЕБОР и верификуван од нашето Собрание. Фактички денеска реално започнуваме со имплементација на проектот кој опфаќа пет региони од кои во четири досега не е преземено ништо. Токму со овој проект ќе почнеме со воспоставувањето на основната инфраструктура за управување со отпад во тие четири региони, рече министерската за животна средина и просторно планирање Каја Шукова по потпишувањето на договорите.

Таа нагласи дека се надева оти консултантските  услуги ќе му помогнат многу на МЖСПП за реализација на проектот. Задачата на консултантот „СУЕЗ Консалтинг“ (САФАГЕ), како што нагласи, е да даде помош на проектната единица во МЖСПП, одговорна за реализација на заемот, во подготовка на документација за набавки, тендери и спроведување на договори, помош за усогласеност и обврски за известување според финансиските документи и поддршка за имплементација на документите поврзани со животната средина и социјалниот момент на проектот.

Како што истакна Шукова, се работи за сериозна компанија со сериозно портфолио на европскиот пазар.

– Се надеваме дека ќе ни помогне во нашата цел конечно да се воспостават регионалните системи за управување со отпад во државата, рече Шукова.

Претставникот на ЕБОР, Анди Аранитаси посочи дека зелената агенда е еден од стратешките приоритети на Банката и додаде дека токму проекти како денешниот се високо на нивната агенда.

– Ова е проект кој ќе опфати пет региони во земјава од кои во четири претходно воопшто немало управување со отпадот. Со него ќе бидат опфатени повеќе од еден милион луѓе што е повеќе од половина од населението на земјата, рече Аранитаси.

Со проектот е предвидена изградба на трансфер станици и регионални депонии, како и набавка на опрема за јавните комунални претпријатија, кои ќе треба да го собираат отпадот и да го транспортираат до трансфер станиците. Предвидено е се градат две нови стандардни модерни регионални депонии од кои првата за Југозападниот и Пелагонискиот регион, што ќе биде лоцирана во општина Новаци, а втората за Југоисточниот и Вардарскиот регион, која најверојатно ќе се гради во Василево. Исто така ќе се подобри и постојната депонија за Полошкиот регион во Русино, која ќе може да работи во наредните пет години, а во меѓувреме ќе се бара нова локација во Полог за изградба на стандардна регионална депонија.

Tags: регионален отпадШукова
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ