• Latest
Фото: Агротим.мк

Изградбата на Коридорите ќе го зголеми и извозот на земјоделски производи

May 10, 2023
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Изградбата на Коридорите ќе го зголеми и извозот на земјоделски производи

May 10, 2023 19:32
in АНАЛИЗИ, ЕКОНОМИЈА
Фото: Агротим.мк

Фото: Агротим.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Република Северна Македонија има патна мрежа во вкупна должина од 14.182 km. Главни оски на државната патна мрежа претставуваат двата Пан-европски коридори, Коридор 8 (исток – запад) и Коридор 10 (север – југ). Регионалните патишта обезбедуваат пристап до главните патни коридори и магистралната патна мрежа и заедно со локалните патишта се од големо значење за развојот на локалната економија, привлекувањето на нови инвестиции, мали бизниси и земјоделски активности низ земјата. Во моментот, вкупната должина на патната мрежа во државата изнесува 14.182 km, од кои многу мал дел, само 242 km, се класифицирани како автопат, пренесува Бриф.мк.

Изградбата на новите делници од Коридорите 8 и 10 д, се од големо значење за граѓаните, економијата, бизнисот… затоа што ќе бидат изградени уште 110 километри нов автопат. Со добрата инфраструктура се зголемува безбедноста во сообраќајот, а корист имаат и трговијата и економијата како и сите останати бизниси. Пристапот или побрзиот и побезбеден пристап до одредени градови во внатрешноста на земјата овозможува и поголем проток на производи, особено производи од нашите земјоделци чиј рок на трање е пократок отколку на индуструјата и поголема достапност до нив. Преку побзиот и поекономичен пристап до семиња и ѓубрива, земјоделците исто така ќе имаат корист, затоа што транспортот на производите досега имаше голема цена и потребните суровини беа скапи и неисплатливи.

Со изградбата на Коридорите треба да се обезбеди подеднаква брза достапност на пристаништата во соседните земји, како на пример до Драч – Албанија. Ова ќе обезбеди уште една конкуренција на пристаништето во Солун, кое досега беше единствениот избор.

За трговците ова ќе значи поголема достапност до нашата земја и поголем избор на видови транспорт, особено копнен, а за земјоделците поголема побарувачка.

Најзначајни партнери на Македонија и за извоз и за увоз се балканските земји, Србија, Kосово, Хрватска и Босна и Херцеговина, каде што се извезуваат 52 отсто од вкупната храна што се извезува.

Извозот на зеленчук е насочен кон Србија, Хрватска, Полска, Украина, Албанија, Бугарија, Kосово, Белорусија и Ирак. Во однос на извозот на овошјето доминантно е учеството на јаболката, а со помали вредности се јавуваат јаткасто овошје, агрумите, грозјето и друго.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје на минатата 2022 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесува 9. 344 551 илјади денари и во однос на истиот период од претходната година е зголемен за 58.4%.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 82.4%, додека кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство e забележано зголемување за 10.2 %.

Зголемувањето е забележано кај сите производи, освен фуражните растенија, грозјето и добитокот.

 

Tags: земјоделски производиизвозкоридори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ