• Latest

Алиу: Ќе инсистирам законот за медиуми да го подобри медиумскиот амбиент

June 14, 2023
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Алиу: Ќе инсистирам законот за медиуми да го подобри медиумскиот амбиент

June 14, 2023 15:21
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Работна група наскоро ќе почне да работи на закон за медиуми, кој ќе создаде правна рамка за порталите и електронските медиумите во земјата, со што ќе ја промовираме транспарентноста, ќе ја заштитиме слободата на изразување и ќе го поттикнеме одговорното новинарство за зајакнување на темелите на едно демократско општество, најави денеска министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, при отчетот за првите 100 дена од работата на неговиот кабинет.

Осврнувајќи се реформите во медиумските услуги, Алиу посочи дека очекува да бидат изгласани  предложените измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски слуги (АВМУ) што се во собраниска процедура, како и дека следните законски интервенции во оваа област ќе бидат во согласност со ЕУ директивите и за подобрување на состојбата во медиумиот сектор.

-Дигитализацијата,  јавната администрација и медиумите се многу важни за подобрување на демократскиот амбиент во земјата, затоа ќе инсистирам тој закон да го подобри медиумскиот простор, не да го влоши, рече Алиу.

Измените на Законот во првата фаза, се поврзани со пристапот до фондовите од Креативна Европа,  а наскоро, како што најави, ќе се заврши и вториот дел со кој ќе се создаде правна рамка за приватните медиуми во нашата земја.

– Законот се подели во две фази заради Креативна Европа, се надевам дека за три, четири дена ќе биде изгласан. Втората фаза на која се рабти пет години, се работи како никогаш досега, се отворивме кон сите кои се директно или индиректно вклучени  во овој еко систем на медиумите.  Денеска имам состанок со локалните медиуми. При крај е, работиме заедно со Канцеларијата на ЕУ во Македонија, со домашни и меѓународни експерти и ценам дека на крај ќе имаме закон во којшто ние првично како граѓани ќе бидеме задоволни од транспарентноста на јавните институции на политичарите и на менаџерите во јавните институции, но исто така ќе бидеме реални информирани од аспект на процеси што се случуваат во нашето општество, рече Алиу на новинарско прашање.

Процесот, посочи, е отворен од првиот ден кога сум министер во МИОА. Приоритет тогаш ни беше само првата фаза, додека веќе месец и половина работиме во втората фаза. Се уште не можам да кажам кој од  улесницте е задоволен, помалку задоволен или воопшто не е задоволен бидејќи процесот е во тек и се надевам и работиме на тоа на крај да имаме законска рамка каде што сите ќе бидат задоволни. Целта ќе биде да имаме оптимален и прифатлив закон каде што никој нема да биде многу незадоволен, да биде прифатлив законот, рече Алиу.

Тој вели дека ќе го одобри законот откако од експертите ќе биде убеден дека е во согласност со ЕУ директивите и ќе го подобри,  како што рече, еко системот на медиумите.

-Дигитализацијата,  јавната администрација и медиумите се многу важни за подобрување на демократскиот амбиент во земјата, затоа ќе инсистирам тој закон да го подобри медиумскиот простор, не да го влоши, рече Алиу.

Во отчетот за сработеното во првите 100 дена од неговата министерска работа Алиу истакна дека се  посветени на поттикнувањето на слободни медиуми кои му служат на највисокиот јавен интерес, промовираат транспарентност и ја поддржуваат отчетноста на секое ниво. За да го постигнеме ова, посочи, го започнавме процесот на реформирање на законите за медиуми, усогласувајќи ги со законодавството на Европската Унија.

-Овие 100 дена беа доказ за нашата колективна одлучност и истрајност, ги достигнавме исклучителните точки во потрагата по транспарентност, дигитализација и административни реформи. Свесни сме дека граѓаните очекуваат уште повеќе од нас. 100 дена се премалку за исполнување на сите очекувања. Но, првото очекување, од потребата за влада на народот, со народот и за народот е исполнето, рече Алиу.

Фото: МИА 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ