• Latest

Бужаровска: Успехот на книгите во Грција ги надминува сите националистички приказни

June 22, 2023

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Бужаровска: Успехот на книгите во Грција ги надминува сите националистички приказни

June 22, 2023 11:37
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Едно од најголемите задоволства ми е успехот на моите книги во Грција, бидејќи ги надминува сите националистички приказни и сите болки кои досега сме ги имале, се отвора една љубов, едно вистинско пријателство, гледам дека постои една глад кон тоа да се дознае кој е нивниот северен сосед, истакнува за МИА македонската писателка Румена Бужаровска по уште едно успешно претставување на нејзините дела во Грција, овој пат пред публиката во Атина.

По „Мојот маж“, сега и книгата „Не одам никаде“ е преведена на грчки јазик и достапна кај јужниот сосед преку издавачката куќа „Гутенберг“, додека пак по Солун, двете книги ги „освојуваат“ и Атина и Крит, иако интересот во цела Грција веќе е особено голем, со оглед на тоа што Бужаровска не е непозната авторка за грчката читателска публика, нешто што се потврди и на синоќешниот настан.

Во дворот на Здружението на грчките археолози во центарот на Атина, писателките Румена Бужаровска и Лана Басташиќ говореа за нивните книги, ставајќи ја жената и позицијата на жената во фокусот.

Речиси во исто време со промоцијата во Атина, на оддалеченост од само неколку метри, централен предизборен митинг одржа партијата ПАСОК, додека пак на плоштадот Синтагма беше митингот на Комунистичката партија, што резултираше грчката престолнина да биде целосно блокирана, но сепак тоа не го спречи ниту одржувањето на настанот, ниту одѕивот на читателите.

Вувузелите од митингот не останаа неискоментирани од авторките, а Бужаровска низ насмевка не го скри изненадувањето што воопшто имаше публика, но и задоволството од успешноста на презентацијата, меѓутоа сепак рече дека интересот за нејзините книги е очекуван особено по големата посетеност на Саемот на книгата во Солун.

-Очекував дека ќе има интерес и за новата книга и затоа толку бргу решија да ја објават. Всушност не помина една година од „Мојот маж“ и веќе ја објавија „Не одам никаде“. Многу сум задоволна, истакнува македонската авторка.

Во разговор со дописничката на МИА од Атина, Бужаровска го коментира огромниот успех кај јужниот сосед, дава свое толкување, што е она што допре до читачката публика во Грција, посочувајќи неколку причини и истакнувајќи дека Грците прв пат гледаат автор од Северна Македонија и „навистина има искрена желба и љубов за пријателство и запознавање“.

Го споменува „женскиот карактер на книгата“, но и фактот што жените се главно читачка публика, како и тоа дека заедно со Лана Басташиќ се дел од новата генерација авторки.

-Самите читателки бараат ваков тип на литература и тоа го забележувам не само во Грција, не само во бившите југословенски земји, го забележувам и во Европа. Книгата добро функционира и во Франција, Германија, Шпанија, така што постои една заедница што бара таков тип на литература. Второто е што дефинитивно, регионалните држави се препознаваат во расказите и многу е полесно да се процениш себеси во очите на некој друг, наместо да се чувствуваш обвинет дека нешто сам правиш. Полесно е кога ќе видиш дека тоа му се случува и на некој друг, значи дека е нормално, мислам дека луѓето не ги боли толку многу. И трета работа, гледам дека постои една глад кон тоа да се дознае кој е нивниот северен сосед, што е тоа Северна Македонија, прв пат гледаат автор од Северна Македонија и навистина има искрена желба и љубов за пријателство и запознавање, истакнува Бужаровска.

Минатиот месец македонската авторка учествуваше на Саемот на книгата во Солун, каде што ја презентираше „Мојот маж“, следеше вчерашното претставување во Атина, а од грчката метропола заминува на Крит, на Фестивалот на книгата во Ханиа, кој во вторникот свечено го отвори претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу.

Вечерва, на третиот ден од Фестивалот, грчката актерка Стелина Јоаниду ќе чита извадоци од книгата „Мојот маж“, по што ќе следи и едночасовна презентација на „Не одам никаде“ со учество на авторката Бужаровска.

-Книгата во Грција е навистина многу читана. Јас се изненадив. Никогаш не ми барале толку интервјуа. Имав интервјуа со речиси сите грчки медиуми и морав и да одбивам, а сѐ уште се јавуваат. Така што мислам дека не е само публиката во Солун и во Атина. Сега ми кажаа дека и на Крит зборувале луѓе и едвај чекале да дојдам, така што, веројатно заради медиумите, има еден интерес, кој мене ми е фасцинантен и бескрајно сум среќна. Искрено, една од најголемите задоволства ми е успехот на моите книги тука, бидејќи ги надминува сите националистички приказни и сите болки кои досега сме ги имале. Се отвора една љубов, едно вистинско пријателство, така што, тоа го гледам и мислам дека и на Крит ќе биде добро, вели Бужаровска за МИА.

За голем дел од присутните на настанот во Атина, Бужаровска беше веќе познато име, впрочем тоа се докажа и од големиот интерес, но и големата редица што се создаде за потпишувањето на книгите.

Читателките и читателите на настанот беа дојдени за да се запознаат со авторката, некои веќе ја прочитале „Мојот маж“, а паралелно дознале дека е издадена и втората книга на грчки јазик.

-Првата книга „Мојот маж“ е најдоброто нешто што го имам прочитано во последните десет години. Авторката беше големо изненадување за мене и секако Северна Македонија. Не знам многу за земјата, но и никогаш досега немав прочитано книга од жена авторка од конкретната земја, вели за МИА младата Ласкарина, која не крие дека со нетрпение очекува да ја прочита и „Не одам никаде“.

Од друга страна, Иро, која додека чека Бужаровска да ги потпише двете книги, за МИА коментира што е она што за неа ја прави посебна книгата на македонската авторка.

-Во расказите препознав многу луѓе кои ги познавам и секако ми беше многу јасно дека настаните се случуваат на Балканот иако никаде не се споменува тоа. Го гледаш и го сфаќаш тоа преку различни детали, како на пример мушама на маса, пластично цвеќе на комода. Слики што те асоцираат на Балканот, со кои многу се идентификувам, вели Иро.

За идните планови во Грција, Румена Бужаровска за МИА открива дека со издавачката куќа имаат потпишано договор за издавање на вкупно три книги, така што очекува дека следната година на грчки јазик ќе биде објавена и „Осмица“ која е комбинација од нејзините први две дела.

„Мојот маж“ е една од најпреведуваните македонски книги објавен на 13 јазици, а преводот на грчки јазик е на професорката Александра Јоаниду, која ја продолжи соработката со Бужаровска и за втората книга.

Сања Ристовска

Фото: МИА

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украина ги прекинува дипломатските односи со Никарагва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ