• Latest
Фото; Скриншот YouTube

Антидискриминаторска комисија: Епископ Јаков Стобиски да се извини за сторено вознемирување врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет

June 26, 2023
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Антидискриминаторска комисија: Епископ Јаков Стобиски да се извини за сторено вознемирување врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет

June 26, 2023 13:59
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Фото; Скриншот YouTube

Фото; Скриншот YouTube

Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата за заштита од дискриминација, преку соопштение до јавноста, побара извинување од епископот Јаков Стобиски за за сторено вознемирување врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет. Епископот има обврска да се извини во рок од 30 дена од приемот на Мислењето. Во спротивно, Комисијата ќе поднесе барање за покренување на прекршочна постапка пред наслежен суд за прекршоци.

„Поради постоењето на вакви случаи правото на слобода на изразување по одредено прашање не е неограничено, а заштитата на угледот и правата на другите претставува едно од легитимните ограничувања на ова право, регулирано преку Член 10 од Европската конвенција. Тоа е од причина што толеранцијата и почитта кон достоинството на секој еден човек ги сочинуваат темелите на демократското, плуралистичко општество“, појаснуваат од КСЗД.

Токму затоа, според нив е неопходно во ваквите ситуации да се санкционира или дури спречи одредена форма на изразување со која се шири, поттикнува, промовира или оправдува нетолеранција и дискриминација.

Дополнително на ова, од Комисијата увидуваат и неточно изнесување на факти и податоци.

„Преку етикетирањето на трансродовите лица како лица кои „страдаат од ментално растројство“ и нивно поистоветување со педофилија, сатанизам, итн., Јаков Стобиски сериозно го повредил нивното достоинство и создал непријателска и застрашувачка средина. Претставувајќи ја и зборувајќи за трансродовоста како за „епидемија на трансџендеризам“, „настраност“, „пореметување“, итн., тој тенденциозно, но и погрешно, ја претставил трансродовоста како болест и нешто штетно и заразно. Дотколку повеќе, со ваквиот говор тој поттикнал понатамошна дискриминација кон овие лица и нивните поддржувачи, со тоа што предизвикал и охрабрил лавина реакции на социјалните мрежи во кои е содржан вознемирувачки говор кон ЛГБТИ лицата“, се вели во соопштението на КЗСД.

Според нив, Јаков Стобиски имал одговорност, при изнесувањето на факти и податоци поврзани со Меѓународната класификација на болести и сродни здравствени проблеми, да ја провери нивната точност.

„Имено, согласно МКБ-11, последната верзија на Меѓународната класификација усвоена од сите земји членки на Светската здравствена организација, меѓу кои и Р.С.Македонија, од 2019 година родовата неусогласеност повеќе не припаѓа во поглавјето на ментални болести, туку во новото поглавје за сексуално здравје. Оваа промена има за цел да ја намали стигмата околу трансродовите лица и да го разбие стереотипот за трансродовоста како ментално нарушување, како и да обезбеди пристап до соодветни здравствени услуги за тие лица. Оттука, преку лажните тврдења кои ги изнел во врска со здравјето на трансродовите лица, велејќи дека родовата дисфорија претставува ментално растројство, Јаков Стобиски свесно придонел кон дополнителна стигматизација и дехуманизација на тие лица“, соопшти Комисијата.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација препорачува Јаков Стобиски јавно да се извини за говорот при неговите јавни настапи со кои е извршено вознемирување врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет и тоа во рок од 30 дена од приемот на Мислењето, за тоа писмено известувајќи ја Комисијата, во спротивно на што таа ќе поднесе барање за покренување на прекршочна постапка пред наслежен суд за прекршоци. Освен тоа, во Мислењето се препорачува Стобиски во иднина да се воздржува од јавни настапи со вознемирувачка содржина врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет или која било друга дискриминаторска основа, согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Tags: Епископ Јаков СтобискиМаргини
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ