• Latest

Граѓански патриотизам наспроти параноичен национализам

September 4, 2023
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
ФОТО/Израелски одбранбени сили (ИДФ) - Wikimedia commons

Израелската Влада ѝ нареди на војската да ги ограничи офанзивните операции во Појасот Газа

October 4, 2025

„Марш за ангелите“ денеска во Кочани во 16:05 часот

October 4, 2025

За 24 часа Русија изврши речиси 600 напади врз Запорижја

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Граѓански патриотизам наспроти параноичен национализам

September 4, 2023 14:16
in ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Share on FacebookShare on Twitter

ТОНИ ПОПОВСКИ

Последното издание на угледниот и влијателен седмичен магазин „Економист“ е насловено „Како параноичниот национализам корумпира“ и проследено е со тематски осврт на уредникот како и подолг и сеопфатен – аналитички  прилог насловен „Како циничните лидери камшикуваат со национализам за да победат и да ја злоупотребат моќта“.

Сублимирано, магазинот потсетува дека во 19-тиот и 20-тиот век луѓето имале поттик да ја бараат својата слобода од империјалните престолнини во далечните земји создавајќи свои национални држави, но и дека љубовта кон „нас“ има грд роднина: стравот и сомнежот кон „нив“ односно параноичен национализам кој работи против толерантни вредности како што е отвореноста кон поинаквите од нас и новите идеи. Притоа констатирајќи дека циничните политичари сфаќаат дека денес можат да го искористат овој вид на национализам, со тоа што ќе ја подигнат недовербата и омразата и ќе ги искористат сентиментите за себе и за своите пријатели: „Користејќи параноичен национализам, паразитските политичари ги ловат стравовите на своите граѓани и го деградираат глобалниот поредок, сето тоа во потрага по сопствената моќ.“ Магазинот продолжува со објаснување дека параноичниот национализам функционира како мешавина на претерување и лаги, давајќи примери на однесување на лидерите на Русија, Индија, Тунис, Никарагва, но и на Унгарија. Во продолжение е појаснета техологијата на разгорување на националистичкиот жар, со цел самобендисаните лидери да можат полесно да ја освојат власта и, откако ќе дојдат на функцијата, да можат да го одвлечат вниманието на јавноста од нивните злоупотреби со повикување на наводните непријатели кои инаку би ги држеле под контрола. На крај и поентата, дека поважната улога на параноичниот национализам е да послужи како алатка за разбивање на контролите и рамнотежите што го поткрепуваат доброто владеење како што е слободниот печат, независните судови, невладините организации и опозицијата.

Во вториот – аналитички прилог, „Економист“ ги аргументира овие ставови со показатели од Глобалниот Индекс на либерални демократии за 2022 (со податоци и анализи заклучно крајот на 2021) на институтот Varieties of Democracy (V-Dem). Овој институт ја произведува најголемата глобална база на податоци за демократијата со над 30 милиони податочни единици за 202 земји, мапирани и анализирани од страна на 3.700 научници и експерти. Притоа се мерат стотици различни атрибути на демократијата. Во продолжение неколку клучни наоди.

Во ЕУ има неколку држави кои се неодамнешни поттикнувачи на демократијата. Малта, Романија и Словачка забележале значителни подобрувања во периодот 2018 – 2021 година. Молдавија и Украина исто така се вклучени меѓу листата на врвни поттикнувачи на демократијата. Сепак, шест од 27-те земји-членки на ЕУ се автократизираат, а меѓу нив се Унгарија и Полска – врвните автократизатори во светот во последната деценија. Унгарија се претвори во изборна автократија во 2018. Негативен тренд е нотиран и во Словенија (која го пресретна со последните избори) Хрватска, Чешката Република и Грција. Покрај тоа, во истражувањето се констатира дека соседите на ЕУ на источното крило стануваат се поавтократски. Три од нив се автократизирани во последната деценија. Турција сè уште е еден од врвните автократизатори, класифицирана како изборна автократија во 2013, а Србија е оценета како врвен автократизатор односно изборна автократија од 2014. Во Белорусија состојбите се влошени со засилување на режимот и репресијата по оспорените избори во 2020 година.

Можеби и најзначајната порака од последната публикација на Индексот, а која е особено релевантна за состојбите кај нас, е дека ПОЛАРИЗАЦИЈАТА И АВТОКРАТИЗАЦИЈАТА ВЗАЕМНО СЕ ЗАЈАКНУВААТ. Научниците од Институтот предупредуваат дека кога поларизацијата во општеството се развива до токсични нивоа, демократијата обично се укинува. Научна потврда за ова тврдење е зголемената поларизација која е проследено со намалување на индексот во сите топ 5 автократизирани земји: Бразил, Унгарија, Полска, Србија и Турција.

Што се однесува до нашиот регион (наши соседи и нивни копнени соседи) во топ 10-20% (од 202 држави) останува Грција (36 место), иако е единствената од регионов во групата на ЛИБЕРАЛНИ ДЕМОКРАТИИ. Следи група на ИЗБОРНИ ДЕМОКРАТИИ: во топ 20 – 30% се Романија (44), Хрватска (46) и Словенија (48); во топ 30 – 40% е Бугарија (56) и потоа во топ 40 – 50% е Македонија (85) заедно со Косово (79), Албанија (82) и Црна Гора (86). БиХ (94) е во групата на изборни демократии, но заостанува во рангирањето. ИЗБОРНИ АВТОКРАТИИ се Унгарија (91), Србија (111) и Турција (147).

Македонија од 2020 до 2021 напредува на овој индекс, но неодминлива е констатацијата дека сме на опашката на групата на ИЗБОРНИ ДЕМОКРАТИИ и дека лесно може да транзитираме во “изборна автократија“ бидејќи го имаме и тоа искуство и не сме ослободени односно недоволно превенираме такви нагони. Нашето позиционирање во клучните индекси низ кои се мери степенот на демократија, најдиректно го опишува нашето европско и цивилизациско рамниште, како држава, како општество со целокупниот човечки потенцијал, но и политичката класа со која располагаме.  Напредок на овие индекси подразбира јасна и цврста определба за градење на вистинска либерална – слободарска демократија и давање на решителен отпор на сите обиди за транзитирање кон изборна автократија или уште полошо, кон супресирање и конечно укинување на демократијата и премин во целосна автократија.

Повторно сме на крстопат и треба да избереме помеѓу политики кои водат кон демократско напредување или назадување. Сѐ имаме изборено за нашите слободи и права и не смееме да дозволиме да ги изгубиме поради неотпорност на облици на параноичен национализам, поради нарушен политички имунитет на овој раширен но погубен  – рецидивен политички вирус. Не смееме да се поддадеме на обиди за злоупотреба на нашите емоции, меѓу кои и оправданите фрустрации од однесувањето на соседите и геополитичката неодлучност на ЕУ, а уште помалку да бидеме заведени во геополитички проекти од интерес на глобално моќни автократии.  Ако ни се толку неопходни емоции во политиката, а очигледно ние на Балканот и Медитеранот сме поемотивни од остатокот на Европа со ризик да прозвучи како клише,  тогаш да се обединиме во практикување на граѓански патриотизам наместо параноичен национализам. Да покажеме љубов кон државата  на начин што ќе ги љубиме граѓанските слободи и права и безрезервно ќе ги исполнуваме граѓанските обврски.  Да бидеш граѓански патриот наспроти тврд и параноичен националист, значи да си подготвен без оглед на околностите да останеш на повисока – цврста почва и да избегнеш нурнување во мочуриште на меѓусебна омраза, пресметки и конфликти. Да бидеш граѓански патриот значи да се бориш за сопствените слободи и права, но и тие на поинаквите од себе, да имаш нулта толеранција за корупција и слични злоупотреби на моќ, да се грижиш за животната средина, за природните ресурси, за културното и цивилизацико наследство на предците, да се однесуваш солидарно, да не дозволуваш другите околу нас да заостануваат, и да имаш не само желба туку да им помогнеш на најранливите околу себе, без оглед на нивниот родов, политички, верски или етнички идентитет и социо-економски статус. Да бидеш граѓански патриот значи дека си вистински Европјанин и дека легитимно очекуваш да бидеш интегриран во ЕУ како семејство во кое сепак преовладуваат демократски и цивилизирани држави.


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Рацин.мк
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ