• Latest

Власта создаде партиски послушници кои гласаат за да ги зачуваат работните места!

November 8, 2016

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Власта создаде партиски послушници кои гласаат за да ги зачуваат работните места!

November 8, 2016 15:45
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Клиентализмот создава олигархија, а првите луѓе на државните институции кои на кафе муабет одлучуваат кој и каде ќе работи, се теснопартиски и пријателски поврзани… Во изминативе години се вработени илјадници државни службеници кои им се лојални на партиите, а најчесто, вработувања во државни институции има пред одржување на избори, како што има и сега отворени огласи за вработување… Ова се дел од ставовите на дебатерите на конференцијата „Одвојување на државата од политичките партии“, која денес ја организираше граѓанската асоцијација „Мост“._dsc0103„Во членот 22 од Уставот, кој го гарантира стекнувањето на избирачкото право, во ставот 2 прокламира дека тоа е еднакво општо и непосредно, а се остварува на избори, со тајно гласање. Куса реченица, но многу снажни елементи содржи во себе. Овој став е посебно важен и секој збор во него има соодветно значење и тежина и бара посебна елаборација. На пример, еднаквост на гласот, како тоа се остварува, општост на гласот, непосредност во гласањето, изборите да се слободни… Може ли да имаме слободни избори кога знаеме дека бројни лица се условени, или се под притисок дека ќе го изгубат сопственото работно место, или со притисок врз најблиските во семејството, или пак, имаат некое ветување за вработување и се воздржуваат, врз основа на тоа ветување дека во иднина ќе им биде остварено, и имаат надеж. Некои лица се условени дека ќе добијат или не некое право, кое во нормални услови би им следувало, но не го добиваат. На пример, со лојалност – да го даде гласот на некоја партија, е условено добивање на социјална помош, добивање на субвенции, а листата на сé што според законот би им следувало, е долга“, рече во своето излагање, Наташа Габер – Дамјановска, судијка на Уставниот суд на Република Македонија.

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу, истакна дека во деведесетите години имавме држава на дебитни картички, а во последните 10 години имаме држава на кредитни картички, бидејќи државата постојано се задолжува за да исплаќа плати.

_dsc0106

Франк Хантке, раководител на канцелариите на Фондацијата Фридрих Еберт во Тирана и во Скопје истакна дека граѓаните мора да имаат доверба, контрола и транспарентност на парламентот, Владата, полицијата…

„Мене не ми е јасно, како може држава која има околу два милиона жители, да има побогати политички партии од Германија? Мора да има транспарентност, од каде се тие пари…?“, праша Хантке.

На конференцијата говореа и Ендрју Елис, уставен експерт, Драган Гоцевски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје и Неда Малеска од Центарот за управување со промени, а модератори беа новинарите Васко Попетрески и Драган Антоновски.

Д. Муратов

 

Tags: државни вработувањаконференцијалојалност кон партиитеМОСТНаташа Габер - ДамјановскаФранк Хантке
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ