• Latest
Државна комисија за спречување корупција и судир на интереси/ Фотографија Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

Јавен оглас за избор на нови антикорупционери, актуелните членови на ДКСК без право на реизбор

November 8, 2023
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
Фото: crimea-platform.org

Крим под руска окупација: Политички прогон, милитаризација на децата и борба за деокупација во фокусот на самитот во Њујорк

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Божиновска бара извинување и најавува суд, СДСМ бара истрага за набавката на броила

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА (АНТИ)КОРУПЦИЈА

Јавен оглас за избор на нови антикорупционери, актуелните членови на ДКСК без право на реизбор

November 8, 2023 11:18
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ
Државна комисија за спречување корупција и судир на интереси/ Фотографија Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

Државна комисија за спречување корупција и судир на интереси/ Фотографија Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Објавен е јавен оглас за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата-ДКСК, и според одлуката донесена од Собранието на Република Северна Македонија, акутелните членови на ДКСК се без право на реизбор.

Според конкурсните услови, лица кои во кој било мандат ја вршеле функцијата претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, или биле членови на ДКСК, без оглед на траењето на мандатот, не може да бидат избрани повеќе ниту за претседател, ниту за член на Државната комисија.

Секој кандидат за претседател мора да има најмалку десет години работно искуство по завршување на високото образование, од кои најмалку осум години работно искуство во областите на откривање или спречување на корупцијата, владеење на правото или добро управување, додека за член на ДКСК освен десет годишно работно искуство, доволни се шест години работно искуство во областите на откривање или спречување корупција.

Согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, Собранието на Република Северна Македонија истовремено објави Повик до здруженија на новинари, други здруженија и фондации за учество во интервјуто на кандидатите кои ги исполнуваат условите за именување на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата, пренесе МИА.

Сите здруженија на новинари кои се основани согласно закон, односно регистрирани повеќе од пет години и секое здружение или фондација регистрирани согласно закон и со искуство од најмалку пет години во областа на спречување на корупцијата, владеење на правото или добро управување имаат право да се пријават на повикот и да учествуваат во интервјуто.

Покана за номинирање на свои претставници кои ќе учествуваат во интервјуто на кандидатите кои ги исполнуваат условите за именување на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата е испратена и до Народниот правобранител, МАНУ и Интеруниверзитетската конферренција.

Како што е познато, во составот на ДКСК се избира претседател и шест членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ