• Latest

Ременски: Нема да го објавам 10-ти декември за работен ден на администрацијата!

December 2, 2016
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ременски: Нема да го објавам 10-ти декември за работен ден на администрацијата!

December 2, 2016 18:59
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска Ременски денеска за Грин ЦИВИЛ, изјави дека нема да дозволи, 10-ти декември да биде работен ден за државната администрација. Таа е категорична во ставот дека дури и да има обиди на Владата, овој ден да биде прогласен за работен, таа, како ресорен министер, тоа нема да го објави. Затоа што, според неа, така се создава огромен простор за сомнеж дека државаната администрација, којашто во голема мерка сé уште е под контрола на владејачката партија, токму дента пред избори, ќе биде ставена во функција на изборната кампања!

„Сé уште нема закажано седница на Владата, за министерот за труд и социјална политика да ги изнесе аргументите против – 10-ти декември да биде работен ден. Меѓутоа, министерот за труд и социјална политика го прогласува работниот, односно, неработниот ден во Република Македонија! Така што, дури и да има обид од Владата да не ги послуша укажувањата на министерот, дека 10-ти декември не може и не смее да биде работен ден за државната администрација, јас најодговорно тврдам дека како министер, нема да го објавам 10-ти декември за работен ден за државната администрација“, изјави министерката Ременски.

ЦИВИЛ Медиа го актуелизираше ова прашање вчера, откако на социјалните мрежи имаше реакции дека одработувањето на „Денот на дрвото“ ќе се случи на 10-ти декември, ден пред изборите и во тек на изборниот молк, со што се отворија многу дилеми во јавноста, околу можностите за злоупотреба на предизборната сабота, особено на вработените во јавниот сектор и јавните ресурси.

„Одработувањето на ‘Денот на дрвото’ наспроти изборите, извесно дека ќе се искористи за максимална и агресивна пропаганда, особено меѓу вработените во јавниот сектор, за притисоци врз нив и за жестока злоупотреба на јавните ресурси кои ќе бидат ставени во функција на изборната пропаганда. Доколку тоа навистина се случи, тоа ќе биде кршење на изборниот молк какво што немаме видено досега“, предупреди Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Интервјуто со министерката Ташевска Ременски, на сите актуелни теми од областа на социјалната правда, во пресрет на изборите закажани за 11-ти декември, ќе биде објавено утре на Грин ЦИВИЛ и ЦИВИЛ Медиа.

Моника Талеска

Tags: Министерство за труд и социјална политикаФросина Ташевска Ременски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ