• Latest

Грковска: Корупцијата е глобален проблем, потребно е заедничко решение за нејзино искоренување

December 12, 2023
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
Фото: crimea-platform.org

Крим под руска окупација: Политички прогон, милитаризација на децата и борба за деокупација во фокусот на самитот во Њујорк

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Божиновска бара извинување и најавува суд, СДСМ бара истрага за набавката на броила

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА (АНТИ)КОРУПЦИЈА

Грковска: Корупцијата е глобален проблем, потребно е заедничко решение за нејзино искоренување

December 12, 2023 11:34
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Корупцијата не е проблем само на одредени земји, туку глобален проблем кој ја загрозува стабилноста, безбедноста и економскиот развој, ја поткопува довербата во институциите, го намалува квалитетот на јавните услуги, ги крши човековите права и го поттикнува организираниот криминал, тероризмот и незаконските финансиски текови, истакнала вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска во обраќањето на Конференцијата на земјите потписнички (CoSP), главното тело за креирање политики на Конвенцијата на Обединетите Нации за заштита од корупција (UNCAC), која се одржува во Атланта, САД.

Грковска, како што соопшти владината прес-служба, посочила дека во справувањето  со оваа глобална закана, мора да се работи заеднички за да се искорени корупцијата и да се промовира транспарентно, одговорно и партиципативно владеење во поединечни земји и низ целиот свет, бидејќи широките проблеми изискуваат сеопфатни решенија, а глобалните проблеми – глобални решенија.

Вицепремиерката истакнала дека според истражувањата на јавното мислење во Северна Македонија, корупцијата се наведува како најголем општествен проблем и додаде дека ваквата перцепција на граѓаните во голема мера се должи на фактот што во изминатите години земјата успеа да излезе од децениската состојба на затворена држава и направи огромен чекор напред со отворање на институциите и подобрување на состојбата со медиумските слободи, а тоа директно придонесе за зголемување на јавната свест за овој проблем.

– Во оваа прилика, морам да истакнам дека сум горда што Северна Македонија, според последниот извештај, е единствената земја – потписник што е целосно усогласена со Заложбата за транспарентност на УНКАК, нагласила Грковска.

Во контекст на тоа нагласила дека Владата презема голем број чекори во спроведувањето на политиките за добро владеење, а правната и институционалната рамка во најголем дел е усогласена со законодавството на ЕУ.

-За жал, демократскиот напредок што го постигнавме во последните години не значеше инстантна промена во сите надлежни институции, во однос на нивната агилност, ефикасност, посветеност и волја и интегритет доследно да го вршат својот дел од мисијата за градење подобро општество за сите, нагласила вицепремиерката.

Поради воочените слабости во клучните сегменти на системот, како што посочила Грковска, се воспостави интензивна координација на сите институции кои имаат надлежност во борбата против корупцијата, од две причини –  да се создаде форма на меѓусебен конструктивен притисок за секоја институција поажурно и поефективно да го исполни својот дел од обврските и заради градење силен меѓусекторски пристап во борбата против корупцијата како клучен предуслов за успех. 

Фото: Влада

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ