• Latest
ФОТО: ЦИВИЛ Медиа

Оставките на Ковачевски и на Џафери утре, избор на претседател на Собрание на 26 јануари, седница в недела на 28 јануари

January 24, 2024

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Оставките на Ковачевски и на Џафери утре, избор на претседател на Собрание на 26 јануари, седница в недела на 28 јануари

January 24, 2024 13:18
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
ФОТО: ЦИВИЛ Медиа

ФОТО: ЦИВИЛ Медиа

Share on FacebookShare on Twitter

На 28 јануари ќе биде закажана седницата за избор на техничката влада, а потоа и втора седница за избор на дополнителните заменици министри, како и за верификација на мандат на пратеник. Претседателот на Владата Димитар Ковачевски и претседателот на Собранието Талат Џафери, кој е мандатар на техничката влада, оставки ќе поднесат утре, со што почнуваат и крајните рокови за составување на преодната влада, која се носи сто дена пред изборите за пратеници на 8 мај.

Џафери денеска на средба со новинарите објасни како ќе течат постапките, но исто така рече дека ако има предлози нема пречка министрите на ВМРО-ДПМНЕ да не бидат дел од техничката Влада. Тој не сакаше да каже дали ќе има кадровски промени кај министрите од ДУИ и Алијанса на Албанците во оваа Влада. Предлозите на СДСМ се веќе познати.

-Утрешниот ден е денот „Д“ за поднесување оставки. Од Владата до мене како претседател на Собранието ќе достави информација дека поднесува оставка, и јас како претседател на Собранието ќе го известам Претседателот на државата дека Владата поднела оставка. ќе го овластам потпретседателот на Собранието Горан Мисовски да ја води седницата на 26 јанури во петок и потоа ќе поднесам оставка, посочи Џафери.

На седницата во петок , која е прва наредна седница, ќе бидат констатирани оставките на премиерот и неговата, а потоа пред да се гласа дневниот ред, ќе се предложи нова точка – избор на претседател на Собранието. По изборот, во случајов на Јован Митрески за претседател на Собранието, тој ќе извести претседателот дека од име на мнозинската коалиција во Собранието е избран за претседател. На 26 јануари, како што објасни Џафери, претседателот на државата Стево Пендаровски треба да му го довери мандатот за премиер на техничката Влада и роковите ќе почнат да течат.

На 27 претпладнето Џафери до Собранието треба да достави програма и состав на Владата, а седницата за избор треба да биде свикана на 28 јануари. Како што појасни за да се комплетира техничката влада, ќе биде свикана уште една седница на која треба да се гласа за дополнителните заменици министри и за верификација на мандат на пратеник.

Џафери вели дека иако се предвидени два дена за дебата, според досегашната воспоставена практика тоа се завршувало за еден ден.

За најавите дека ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа зо него, вели дека не се оптеретува со тоа кој како ќе гласа.

За изјавите на претставниците на албанската опозиција, вели дека не ги коментира.

Tags: техничка владаЏафери
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ