ЦИВИЛ продолжува со активностите за граѓанска едукација за борба против дезинформациите. Тимовите на ЦИВИЛ денеска се сретнаa со граѓанките и граѓаните на Тетово, Гостивар и Кичево.
Напладне, во Гостивар, претставниците на ЦИВИЛ одржаа брифинг на тема „Дезинформациите и странското малигно влијание: Предизвици и градење отпорно општество“.
Коментарите на дел од луѓето биле дека ова за нив е новост и освежување, бидејќи се чувствуваат задушено од огромниот број информации во медиумите за кои веќе не се сигурни дали се виситина или лага.
Тимовите на ЦИВИЛ дистрибуираа едукативна брошура со наслов „Ослободи го умот“ која содржи основни информации за поимите поврзани со дезинформациите, пропагандата и хибридните закани. Таа може да послужи како одличен водич во препозанавањето и справувањето со дезинформациите и другите штетни влијанија од пропагандата и хибридните закани во јавната комуникација.
Брошурите се на македонски, албански и ромски и објавени се, освен во печатена, и во електронски формат во Дигиталната библиотека на ЦИВИЛ. Истовремено, во тек е и објавувањето на едукативни видео спотови на трите јазици на медиумската платформа на ЦИВИЛ, во рубриката ЕДУКАЦИЈА.
ЦИВИЛ