• Latest

Старт на локалните избори со општински долгови од 64,7 милиони евра

October 2, 2025
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Старт на локалните избори со општински долгови од 64,7 милиони евра

October 2, 2025 15:28
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дури 22 општини во земјава се рангирани во 100 те најзадолжени субјекти и на локално и на централно ниво. Општините во државата ја стартуваат изборната кампања со доспеани а неплатени обврски во износ од 64,7 милиони евра – сума која е зголемена и на квартално и на годишно ниво, пишува Порталб. Експертите велат – одговорност за начинот на кои се трошат парите на локално ниво мора да има …

Локалните власти мора да ја научат “лекцијата“ дека автономијата и одговорноста одат во пакет

Од законски измени за отповикување на градоначалници до зголемена транспарентност и децентрализација – изминатиот период беа најавувани многу ветувања за суштински промени во начинот на менаџирање на општините. Сепак кампањата за локалните избори 2025 та, осми по ред во независна држава, стартува со “старите “ позиции – општинарите чекаат финансиска инјекција од централната власт, се промовираат проекти без детални урбанистички планови, се најавуваат инвестиции со заеми – коментираат аналитичарите. 

“Се најавуваа законски измени кои треба да создадат можност за отповикување на градоначалници, се најавуваше и зголемена децентрализација ..  Сето ова требаше да води кон финансиски посилни но и поодговорни локални власти кога зборуваме за трошење на јавните пари Во моментов често гледаме дека политичката култура на неказнивост овозможува градоначалници да останат на функција и покрај сериозни пропусти. Ако сакаме посилни општини, мораме да обезбедиме систем каде што граѓаните ќе имаат право на отповикување, локалните совети ќе имаат вистинска контрола, а правосудството ќе реагира навремено. Само така децентрализацијата ќе значи демократско јакнење, а не само ширење на локалната моќ без контрола “ – вели економистот, професорот Абил Бауш и посочува дека на  искуството на европските земји во кои децентрализацијата е успешна само кога е врзана за строга транспарентност, независни механизми на надзор и активна вклученост на граѓаните.

“Македонија мора да ги следи овие практики ако сака децентрализацијата да биде вистински европски процес, а не само ширење на локалната моќ без контрола“ – објаснува аналитичарот Бауш.

Милионски долгови и на општини и на општински јавни претпријатија

Додека на локално ниво се набројуваат проекти вредни стотици милиони евра, вклучувајќи ги 250 милиони евра од Унгарскиот кредити, буџетските биланси на општините покажуваат дека скоро сите се на листата “должници“ – со доспеани а неплатени обврски. Според податоците од Министерството за финансии 22 општини се рангирани во групата на 100 најзадолжени субјекти на ниво на целата држава. “Порталб“ повикувајќи се на официјалните податоци од министерството веќе објави дека според висината на должничкиот износ прва меѓу локалните власти е Општина Гостивар со долг од скоро 11,3 милиони евра а на второ место е Општина Тетово со доспеани а неплатени обврски од 9,5 милиони евра.  Град Скопје кој е на трето место , на овие избори влегува со доспеани а неплатени обврски во износ од   5,5 милиони евра. 

“Јакнењето на општините не може да се постигне само преку законски измени за децентрализација или најави за нови надлежности.  Потребна е вистинска рамнотежа помеѓу автономија и одговорност. Поголемата моќ на градоначалниците мора да оди заедно со јасни механизми на отчетност и санкција. Во секој случај на недомаќинско или противзаконско работење треба да постои реална можност за институционална реакција, па дури и за отповикување“ – вели професорот Бауш

Освен Гостивар, Тетово, Град Скопје, со милионски долгови се и Кавадарци, Делчево, Желино, Струмица, Карпош, Василево, Струга, Врапчиште, Кисела Вода, Охрид, Сарај. Оваа група на општини има доспеани а неплатени обврски повисоки од 1 милион евра.  Освен општините, со милионски долгови, високо рангирани се и општинските Јавни претпријатија. Заклучно со првата половина од годинава вкупниот долг на ЈП формирани на локално ниво изнесувал 107 601 000 евра. 

извор: Протлаб

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ