• Latest

Старо-нови пратеници и кандидатите кои не добија мандат на парламентарните избори

May 10, 2024
Фото: АСтра/Х

Украинските дронови погодија две рафинерии за нафта и други цели низ Русија во текот на ноќта, соопшти Генералштабот на вооружените сили

August 28, 2025

Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Кијив

August 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на АВС7

Егзодус на неподобните здравствените експерти за Трамп: Отпуштена директорката на ЦДЦ, додека други функционери поднесоа оставки од здравствената агенција

August 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата

August 28, 2025
Фото: Архива

Унгарија ја тужи ЕУ за замрзнатите руски средства што ги користи за помош на Украина

August 28, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Цела ноќ масовен напад на рф врз станбени згради во Кијив, меѓу загинатите има деца

August 28, 2025
Трактор пред Филозофскиот гакултет во Нови Сад. Фото: Скриншот од видео на 021.rs/Х

(ВИДЕО) Утрово мирно пред Филозофскиот факултет во Нови Сад – полицијата сè уште го чува влезот, видливи знаци од вчерашните судири

August 28, 2025
Фото: Скриншот од виедо на ВВС

ФБИ го истражува пукањето во училиштето во Минеаполис како антикатоличко злосторство од омраза

August 28, 2025
Фотографија: СДСМ

Нови 11 кандидати за градоначалници на СДСМ

August 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Старо-нови пратеници и кандидатите кои не добија мандат на парламентарните избори

May 10, 2024 14:52
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Парламентарните избори во 2024 година го „зачуваа“ местото на повеќе од досегашните претставници на народот, а дел од нив ќе мора да се збогуваат со пратеничката функција. Според последните резултати од Државната изборна комисија, новиот пратенички состав бележи голем број старо-нови пратеници, а неколку познати имиња се помеѓу оние кои засега ќе се збогуваат со законодавниот дом.

Анализата на МИА покажува дека пратеник нема да стане вицепремиерот Бојан Маричиќ, а помеѓу оние кои ќе мора да се збогуваат со Собранието се Санела Шкријељ, Арта Билали-Зендели, Маја Морачанин и Атнан Незири.

Најмногу мандати на парламентарните избори кои се одржаа на 8 мај годинава доби Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ – 58 мандати. Од нив, најмногу, или вкупно 14 пратеници, доаѓаат од третата изборна единица.

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на комисиите за надорешна политика, за одбрана и безбедност, за финансирање и буџет, како и Законодавно-правната комисија.

Помеѓу пратениците од ВМРО-ДПМНЕ што наскоро ќе седнат во Собранието на Република Северна Македонија се Христијан Мицкоски, Гордана Кочовска Димитриевска, Синиша Стојановски, Бети Стаменковска, Тони Јаревски, Иван Живковски, Љупчо Пренџов, Марија Митева, Иванка Василевска, Владо Мисајловски, Жаклина Пешевска, Бобан Николовски, Бојан Стојановски, Каролина Насковска, Зоран Коцевски, Бране Петрушевски, Драган Ковачки, Никола Мицевски, Рашела Мизрахи, Игор Здравковски, Благица Ласовска, Миле Лефков, Даниела Христова, Марија Петрушевска, Душко Иванов, Александар Јамалов, Драгана Бојковска, Емил Спасовски, Драгана Арсова, Александар Николоски, Антонијо Милошоски, Ели Панова, Дејан Проданоски, Зоран Јованчев, Ангелинка Петкова, Петар Ристески, Златко Пенков, Моника Ристеска, Јулија Тушева, Жан Дрвошанов, Петар Марков, Билјана Кузмановска, Ѓорѓија Сајкоски, Олга Лозановска, Сашо Донев, Пеце Милевски, Јован Јаулески, Лидија Петковска, Мевмед Џафери, Кире Божиновски, Силвана Ангелевска, Грација Бакрачевска, Дафина Стојаноска, Александар Велјановски и Валентина Марчевска и пратеници од коалицијата.

Повеќе од половина од пратеничкиот состав на ВМРО-ДПМНЕ 2024-2028 е составен од пратеници кои работеле во Собранието и во мандатот 2020-2024 година како што се Василевска, Милошоски, Ковачки, Мисајловски, Николоски, Панова…

Помеѓу пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои не добија мандат се и поранешните пратенички Јадранка Поцкова и Велика Стојкова Серафимовска.

Бојан Маричиќ не доби мандат за пратеник, од Собранието си одат и Санела Шкриељ и Маја Морачанин

Помеѓу 18 пратеници од Коалицијата за европска иднина предводена од Социјалдемократскиот сојуз кои на изборите добија 18 мандати ќе бидат претседателот на СДСМ и поранешен премиер, Димитар Ковачевски, Моника Зајкова, Даниела Николова, Оливер Спасовски, Фатмир Битиќи, Сања Лукаревска, Љупчо Николовски, Горан Мисовски, Благој Бочварски, Венко Филипче, Јованка Тренчевска, Миле Талевски, Соња Мираковска, Борче Цветков, Јован Митрески, Бисера Костадиновска-Стојчевска, Митко Трајчулески и Славјанка Петровска. Дел од нив се старо-нови праеници како Мисовски, Николова, Талевски, Мираковска, Митрески и други.

Дел од кандидатите кои не влегоа се и првиот заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, поранешната директорка на Инфективна клиника, Милена Стевановиќ и поранешната претседателка на ДОМ, Маја Морачанин. Не влегоа ниту поранешните пратеници Санела Шкријељ, Мартин Костовски, Даниела Колева, Лолита Ристова и Жаклина Лазаревска, како и ко-носителот на ИЕ6, Агрон Демири.

ДУИ и „Вреди“ со мандати само во Изборните единици 1,2, 5 и 6 

Европски фронт на Демократската унија за интеграција на последните парламентарни избори освои 19 мандати, од нив, најмногу од Изборната единица 6, односно девет мандати.

Во ИЕ1 од ДУИ за пратеници влегуваат Блерим Беџети и Илир Хасани, во двојка влегоа Садула Дураки, Скендер Реџепи, Дијана Тоска и Ељми Азири, а во петка Зиадин Села, Муса Џафери, Арбана Пашоли и Исмаил Јахоски. Најмногу пратеници доаѓаат од ИЕ6, односно Али Ахмети, Талат Џафери, Илире Даути, Мендух Таќи, Рина Ајдари, Бејџан Илјас, Илир Демири, Сали Мурати и Фатмире Исаки.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во рамки на активностите за кампањата за парламентарните избори, ги продолжи средбите со граѓаните во општина Кичево. Пред присутните истакна дека куќата не

Помеѓу пратениците кои не влегоа се Мерита Мустафаи, поранешна директорка на Биро за метрологија и директорка на АД ЕСМ продажба, Арјанит Хоџа од Европска демократска партија, поранешните пратеници Арта Билали-Зендели и Атнан Незири, како и Емир Сулејмани, директор на Управа за водење матични книги.

Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ годинава доби 13 мандати во четири изборни единици, најмногу во ИЕ6, односно шест мандати.

Помеѓу кандидатите на „Вреди“ кои ќе станат пратеници се Изет Меџити, Беким Сали, Африм Гаши, Ријад Шаќири, Мерита Колчи – Коџаџику, Салим Сулејмани, Биљал Касами, Беким Ќоку, Мимоза Муса, Халил Снопче, Фатмир Лимани, Саранда Имери-Стафаи и Садик Сулејмани.

Дел од оние кои не добија мандат се Фериде Хаџиу, Зеќирија Таири, Сафије Садики Шаини, Астрит Исени, Ваљбона Адили Емини и Аднан Азизи.

Левица и ЗНАМ добија по шест мандати

Во пратеничката група на Левица годинава има четири нови пратеници, кои ќе се придружат на досегашните Димитар Апасиев и Борислав Крмов. Новите пратеници се Реџеп Исмаил, Амар Мециновиќ, Сашко Јанчев и Јована Мојсоска.

Помеѓу кандидатите кои не влегоа се Катерина Јовановска, Александар Симонов, Горан Велевски и Игор Димески.

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, исто како и Левица, на последните избори освои шест мандати. Помеѓу кандидатите кои освоија мандати за претеници се Бобан Карапејовски, Даниел Стојчевски, Даниела Белимова, Павле Арсоски, Миле Цеков и Весна Бендевска.

Дел од кандидатите кои не освоија мандат се Јасмин Циривири, Ненад Стојановски, Суад Мехмед, Емил Јанески, Александар Веслиевски и Небојша Захариески.

Останатите партии и коалиции кои учествуваа на изборите имаат под еден процент гласови. ар/ац/

Извор: МИА 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Сé се тоа глупости“ – Трамп одговори на нападите на Русија врз легитимитетот на Зеленски, се закани со „економска војна“ со Москва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ