Заменик-помошникот државен секретар на САД, Никол Чулик, за време на нејзината посета на Приштина ќе се фокусира на клучните прашања за односите меѓу САД и Косово, вклучително и малцинските права и човековите права, изјави денеска американскиот амбасадор Џефри Ховениер.
-Задоволство ми е да ја пречекам заменик-помошникот секретар Никол Чулик на Косово. Чулик ги надгледува Канцелариите за Европа и Јужна/Централна Азија во Бирото за демократија, човекови права и труд во Стејт департментот за клучните прашања за нашите билатерални односи, вклучително и правата на малцинствата и човековите права во Косово, ја сподели американската амбасада во Приштина изјавата на Ховениер на Фејсбук.
Чулик се сретна со претседателката на Косово, Вјоса Османи, а потоа и со премиерот Албин Курти.