• Latest
Фото: МИА

Маринакис: Постои само едно толкување на ерга омнес

June 25, 2024

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маринакис: Постои само едно толкување на ерга омнес

June 25, 2024 14:09
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Не може да биде селективно спроведувањето на меѓународното право и тоа е нешто што нема да биде толерирано од грчка страна. Ние бараме јасно и гласно, без отстапки почитување на договореното и ова е позиција од која нема да направиме каква било отстапка, рече портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите и притоа посочи дека постои само едно толкување на ерга омнес, јави дописничката на МИА од Атина.

Одговарајќи на прашањето на МИА за тоа дали Мицотакис ќе му честита на Мицкоски, сега кога и официјално новата Владата положи заклетва, Маринакис посочи дека Грција во рамките на добрососедските односи со сите земји се придржува до протоколите, но и ги повтори грчките позиции.

-Факт е генерално, без да имам конкретна информација, дека нашата земја како држава сака, се стреми кон добрососедски односи, се стреми кон добри односи со сите држави, особено кога се соседни земји, се придржува кон сите протоколи за секоја процедура, без разлика дали е изборен процес или заклетва на Влада. Но, повторувам, бидејќи постојат некои новопојавени погрешни толкување за тоа што значи ерга омнес, јасно е, нема многу толкувања има едно толкување согласно меѓународното право и во овој момент со низа формулации спротивни на меѓународното право, се чини дека новата Влада на Северна Македонија не го почитува. Очекуваме да видиме дали ќе усогласи, рече Маринакис.

Паралелно го повтори она шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис го посочил на вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ дека „однесувањето на Скопје од изборите и потоа е престапното однесување, спротивно на меѓународното право“, но и дека „не постои почитување на обврската за ерга омнес име на државата, како што произлезе по Договорот од Преспа“.

Во однос на можностите за прва тет-а-тет средба на премиерите на двете земји на маргините на НАТО Самитот во Вашингтон за две седмици, на прашањето на дописничката на МИА од Атина, владиниот портпарол одговори дека ако се договори такво нешто ќе биде соопштено, меѓутоа во моментов не знае нешто повеќе.

Медиумите во Грција од доцна синоќа ги пренесуваат ставовите на премиерот Христијан Мицкоски изразени во интервјуто за ТВ24, особено делот во кој ја коментира вчерашната изјава на министерот за надворешни работи на Грција и посочува дека „или не го разбира Преспанскиот договор или погрешно го чита“.

Грчки дипломатски извори за медиумите утрово брифирале дека „правните текстови не се толкуваат врз основа на претпоставената волја и желба на кој било, туку врз основа на нивното писмо и дух, а техничкиот правен термин ерга омнес, кој е јадрото на Договорот од Преспа, не е подложен на апсолутно никакво оспорување“.

Tags: Договор од Преспаерга омнесМаринакисуставно име
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ