• Latest

Екстремната десница извојува историска победа во првиот круг од парламентарните избори во Франција

July 1, 2024

24 ЧАСА: ДИК избра нови членови на ОИК; косовското собрание доби претседател по 58 обиди; Украина онеспособи 17% од нафтените капацитети на Русија; во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

August 26, 2025

Лажна фотографија од Запорижја разобличена како руска пропаганда, дистрибуирана и локално

August 26, 2025
Фото: Скриншот

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025
Бердјанск, Украина

Украина го осуди незаконското вклучување на пристаништата Бердјанск и Мариупол во пописот на руски пристаништа

August 26, 2025
Илустрација: ВИ

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025
Скриншот од видеото на кое наводно се гледа како пламенот се издига од руската рафинерија Рјазан при напад со беспилотно летало во текот на ноќта на 26 јануари 2025 година. Андриј Коваленко / Телеграм

Украина онеспособила најмалку 17% од капацитетот на рафинериите за нафта во Русија

August 26, 2025

Албански блок 2025: Улогата на Тирана и Приштина – помош, влијание или напуштање на автономијата?

August 26, 2025
Фото: МИА архива

ВЛЕН до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи

August 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Маск тивко ги стопира плановите за нова политичка партија, додека се соочува со тужба за организирање нелегална изборна лотарија од 1 милион долари

August 26, 2025

Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

August 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Екстремната десница извојува историска победа во првиот круг од парламентарните избори во Франција

July 1, 2024 09:47
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според неофицијалните резултати од парламентарните избори во Франција, екстремно десничарската партија Национален собир е голем победник во првиот изборен круг со 33,5 отсто освоени гласови, што значи дека партијата би можела да обезбеди меѓу 240 и 270 пратениците во новото свикување на Народното собрание во анализата на агенцијата Ифоп.

Таа партија, чиј лидер е Жордан Бардела, не би имала апсолутно парламентарно мнозинство, но би можела да освои најмалку 150 парламентарни места повеќе отколку по изборите во 2022 година, пренесува Фигаро.

Новиот Народен фронт со 28,5 отсто од гласовите ќе има меѓу 180 и 200 пратеници, пред политичката коалиција на Макрон која освои 22,1 отсто од гласовите и може да обезбеди меѓу 60 и 90 пратеници.

Партијата „Национален собир“, на чело со младиот Жордан Бардела, одлучно изби во водство на парламентарните избори, што би можеле да го отворат патот до власт за екстремната десница за првпат по Втората светска војна. Со резултат од 33,5 отсто од гласовите, „Национален собир“ по првиот круг е на првото место,  пред левичарската коалиција „Нов народен фронт“ (28,5 отсто) и таборот на претседателот Емануел Макрон (22,1 отсто).

Французите „дадоа апсолутна пресуда“ во првиот круг од француските парламентарни избори, изјави 28-годишиот  Бардела. Се чини дека тој се доближува до палатата Матињон, каде што е канцеларијата на францускиот премиер, јавија француски медиуми.

Вториот круг на 7 јули ќе биде „еден од најодредувачките во целата историја на Петтата република“, која беше основана во 1958 година, додаде Бардела. Тој вети дека ако ја предводи следната влада, ќе биде премиер на сите Французи, ќе го почитува уставот, ќе работи со претседателот Макрон, но и ќе биде бескомпромисен.

„Ни треба апсолутно мнозинство“, рече Марин Ле Пен, од своја страна, кога објави дека е избрана во првиот круг во нејзиниот округ Енен-Бомон (Северна Франција) како претставник на народот. „Макронистичкиот блок“ е „практично збришан“, рече лидерката на француската крајна десница, која загуби од Макрон во двата втори круга на последните претседателски избори – во 2017 и во 2022 година. Според неа, Французите ја изразиле „својата волја да ја свртат страницата на 7 години презирна и корозивна моќ“ на шефот на државата.

„Дојде време за големо, јасно демократско и републиканско обединување за вториот круг“, повика Макрон во писмената изјава. Сепак, тој не прецизираше какво однесување да се следи.

„Екстремната десница е пред портите на моќта“, предупреди премиерот Габриел Атал и повика „да не се дава ниту еден глас на Националниот собир. Ист повик упати и лидерот на крајно левичарската партија „Непокорна Франција“, Жан-Лук Меланшон, водечка фигура во формацијата „Нов народен фронт“.

Конзервативната Републиканска партија, која освои околу 10 отсто од гласовите, одби да ги повика гласачите да гласаат против екстремната десница во вториот круг.

Излезноста на гласачите во првиот круг беше најмалку 65 отсто. За споредба, во 2022 година изнесуваше 47,57 отсто.

Резултатот е тежок пораз за Макрон, кој сметаше дека на овие предвремени избори ќе го зголеми релативното мнозинство што неговата партија и нејзините сојузници го имаа во Долниот дом. Ова сега изгледа крајно неверојатно. Доколку ниту еден од таборите не добие апсолутно мнозинство, како што покажуваат предвидените резултати, Франција ја чека тешки преговори за формирање коалициска влада, јави ДПА.

Многу француски гласачи се загрижени за инфлацијата и другите економски проблеми и се иритирани од владеењето на Макрон, кој се смета за арогантен и без допир со животите на обичните луѓе, наведуваат американски медиуми. Главните прашања за многу од гласачите се зголемените трошоци за живот и имиграцијата – теми за кои Националното собрание активно води кампања, вклучително и на онлајн платформи.

Макрон ги свика предвремените избори откако „Национален собир“ на Марин Ле Пен постигна големи успеси на изборите за Европскиот парламент на почетокот на јуни.

Мандатот на Макрон трае до 2027 година и неговата позиција не е загрозена, но резултатите би можеле да имаат големи импликации за остатокот од неговиот мандат и да ја преобликуваат француската политика.

Доколку Национален собир обезбеди мнозинство во 577-членото Национално собрание, Макрон де факто ќе биде принуден да назначи премиер од своите редови за да обезбеди стабилен кабинет. Таквиот исход би имал сериозни последици.

Можеме да бидеме сведоци на невиден „соживот“ меѓу Макрон, проевропски претседател, и влада која е многу понепријателска кон Европската унија, што може да доведе до искри во однос на прерогативите на двајцата шефови на извршната власт, поконкретно во сферата на дипломатијата и одбраната. Друго можно сценарио, според француски медиуми, е ќорсокак во Националното собрание, без предвидлива можност за соработка меѓу високополаризираните кампови, што ризикува да ја втурне Франција во непознатото.

Потенцијалното парламентарно мнозинство ќе и дозволи на Ле Пен да го направи својот штитеник Бардела премиер и да ги одбележи нејзините долгогодишни напори да го исчисти имиџот на нејзината партија за да ја направи попријатна за обичните гласачи. Таа ја наследи политичката формација, тогаш наречена Национален фронт, од нејзиниот татко Жан-Мари Ле Пен, кој неколку пати беше осуден за расистички и антисемитски изјави.

Ле Пен ги повика своите гласачи, кои не ја поддржаа нејзината партија во првиот круг, да ја поддржат и да и дадат импресивно законодавно мнозинство. Ова сценарио би ги принудило Бардела и Макрон на непријатен договор за поделба на власта за двете страни. Макрон рече дека нема да се повлече пред да му заврши мандатот во 2027 година.

Само во вториот круг ќе биде јасно дали партијата на Ле Пен и нејзините сојузници ќе го добијат апсолутното мнозинство што ќе им биде потребно за да формираат стабилна влада, а потоа ќе почнат да ги исполнуваат нивните ветувања дека ќе поништат многу од клучните политики на Макрон. Ова би вклучувало запирање на француските испораки на ракети со голем дострел за Украина во војната против целосната инвазија на Русија. Поконфронтирачкиот пристап на екстремната десница кон Европската унија, нејзините планови да ги укине пензиските реформи на Макрон и ветувањата дека ќе ја зголеми потрошувачката моќ на гласачите без да им биде јасно како ќе ја финансира, исто така може да ги заплашат европските финансиски пазари.

Извор: MИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ