• Latest

Пуштена во употреба лабораторија за дигитална форензика во ОЈО ГОКК

September 3, 2024

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Пуштена во употреба лабораторија за дигитална форензика во ОЈО ГОКК

September 3, 2024 14:36
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со поддршка на Амбасадата на САД се набавени неопходните хардверски и софтверски компоненти за хардверско и софтверско опремување во областа на дигиталната форензика во вредност од околу 500.000 американски долари. Во лабораторијата за дигитална форензика во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ОЈО ГОКК ќе можат непречено да се отвораат и декодираат одземените електронски уреди со цел да се пронајдат електронски докази што ќе бидат корисни за понатамошниот тек на постапките и кои како валидни, законски прибавени докази ќе се користат во постапка и пред судот, информират од Републичкото јавно обвинителство.

Опремата, појаснуваат, вклучува најсовремени форензички станици за работа во лабораториски услови, лап топ компјутери, ултраблок китови со врајт блокери за различни видови носачи на електронски податоци што ќе бидат предмет на анализа, како и форензички софтвери што се користат за исчитување и анализа на одземена или запленета електронска опрема.

Воедно, за потребите на аналитичкиот центар во Обвинителството, Амбасадата на САД донираше софтверска алатка Analyst’s Notebook 10 со помош на која се овозможува големи количини на податоци да се претворат во визуелни дијаграми, како мрежи на односи, временски линии и шеми на настани и на тој начин полесно да се откријат скриени врски и модели.

Основниот јавен обвинител Ислам Абази се заблагодари на несебичната поддршка на Амбасадата на САД која ја донираше оваа вредна опрема истакнувајќи дека со оваа донација се овозможува обвинителството самостојно да дојде до електронските докази што се наоѓаат на електронските медиуми, а сѐ тоа е во интерес на постапките и намалување на времето за постапување. На овој начин ќе се растовари и лабораторијата на МВР во која досега се вршеше анализа на компјутерска опрема и мобилни телефони – предмет на кривични дела за потребите на сите обвинителства.

„Иако станува збор за најсофистицирана опрема за анализа, треба да се има предвид дека развојот на технологијата води кон појава на различни видови уреди и медиуми што утре ќе бидат предмет на анализа и тој факт ја налага неопходноста од континуиран развој на лабораторијата не само со набавка на хардверски и софтверски компоненти, туку и со обука на кадри. Воедно, софтверската алатка Analyst’s Notebook 10 ќе ни помогне во остварување на нашата основна функција како обвинителство, а тоа е гонење на организираниот криминал. Со помош на оваа алатка на обвинителите и истражителите ќе им се овозможи визуелизација на прибраните податоци во форма на визуелни прикази – чартери, мапи или дијаграми, кои брзо го покажуваат начинот на кој се поврзани, што е од голема полза за идентификување на криминални организации и групи, следење на осомничени или разбирање на сложени ситуации. На тој начин преку побрзо и поефикасно анализирање на комплексни податоци обвинителите ќе можат да носат информирани одлуки“, истакна Абази.

За начинот на постапување на истражителите кои работат во лабораторија за дигитална форензика во Истражниот центар на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, основниот обвинител донесе Одлука со која се уредени чекорите во постапувањето со одземените телефонски уреди и компјутерска опрема. Постапките ќе се спроведуваат согласно Законот за кривична постапка и позитивна пракса што се применува во лабораториите за дигитална форензика во светот.

Фото: ОЈО ГОКК

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ