• Latest

Андоновска: Апел до матичните, суспектен случај на морбили да биде пратен на Инфективна или во ИЈЗ

September 6, 2024

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Андоновска: Апел до матичните, суспектен случај на морбили да биде пратен на Инфективна или во ИЈЗ

September 6, 2024 15:05
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По вториот случај на мали сипаници оваа година, директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска апелираше матичните лекари штом забележат суспектен случај, да биде препратен или на Инфективната клиника, па оттаму да го препратат кај нив на анализи, или директно да дојде на тестирање во Институтот.

– Нашата обврска и наша работа е по констатирањето на позитивен случај, да дадеме препораки на семејството за изолација. Но, за морбилите нема изолација пропишана со закон и останува на добра волја на семејството дали ќе ги почитува препораките или не. Инаку, се земени и од оние лица кои веќе работеле со него и од медицинските лица направени се анализи и истите се следат, соопшти Андоновска во денешната изјава за медиуми.

Таа повтори дека и во двата случаја годинава, децата не биле вакцинирани со вакцина против мали сипаници.

Во семејството на вториот случај, 12-годишен жител на село Долно Коњаре, општина Петровец, две од пет деца не биле вакцинирани. Родителите одбивале да ги вакцинираат двете деца кои не примиле вакцина за заштита од морбили.

– Тоа што можам да го кажам, е, дека според епидемиолошката анкета што е направена, исказите се дека немало многу контакти, ниту пак детето одело на училиште во населбата Петровец, село Долно Коњари. Според епидемиолошката анкета, родителите кажуваат, а и самото дете, дека изминатите денови, откако се вратило од подрачјето каде престојувало во Србија, не одело на училиште ниту тоа, ниту неговото братче, кое исто така не е вакцинирано и негираат повеќе контакти. Велат дека контактите се во кругот на семејството, рече Андоновска.

Првиот случај, регистриран во јуни, беше жител на струшко село.

Според податоците на ИЈЗ, лани бил пријавен еден случај на мали сипаници. Од 2014 до 2023 година, регистрирани биле вкупно 2.020 заболени. Епидемии биле регистрирани во 2014, 2017, 2018 и во 2019 година. Последната евидентирана епидемија од ова заболување, регистрирана во 2018 година, а завршена во 2019, била со вкупно 1.901 регистрирано лице, во 24 градови низ државата.

Вакцинација против мали сипаници се спроведува континирано и задолжително со две дози на МРП-вакцина. Првата доза се смета за примовакцинација и треба да се даде на првата година од животот на детето. Ревакцината е на шестгодишна возраст. Опфатот со првата доза лани на национално ниво изнесувала 73,4 проценти, а во Скопје – 83,7 отсто. Опфатот се ревакцинација на национално ниво лани била 87,7 проценти, а во Скопје – 85,9 отсто.

– Имајќи го предвид пријавениот неоптимален опфат со вакцинација (<95%), фактот дека следните месеци претставуваат сезонски врв на вирусот и можноста за импортирање, пријавувањето на нови случаи не е неочекуван настан, потенцираа вчера од ИЈЗ.

Фото и видео: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ