Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) утринава соопштија дека во текот на вчерашниот ден имало вкупно 22 пожари на отворен простор и дека дождот помогнал сите да бидат изгаснати.
– Дождот помогна сите 22 пожари да бидат изгаснати, информираат од ЦУК.
Од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) вчера информираа дека располагаат само со еден функционален „Ер трактор“ авион од трите кои ги имаат.
М. Д.