• Latest

ДКСК оформила 65 предмети за повреди на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата во врска со изборната кампања 2024

September 24, 2024

На Меѓународниот ден на мирот, рускиот агресор продолжи со терор: Во Запорижја оштетени станбени згради, трговски центар и универзитет

September 21, 2026

ЦИВИЛ: Мирот никогаш не смее да стане синоним за предавање

September 21, 2026
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА (АНТИ)КОРУПЦИЈА

ДКСК оформила 65 предмети за повреди на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата во врска со изборната кампања 2024

September 24, 2024 13:51
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во периодот на изборниот процес Државната Комисија за спречување на корупција (ДКСК) оформила вкупно 65 предмети, кои се резултат на пријави за сомневање за сторени повреди на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата, предмети оформени по сопствена иницијатива на Комисијата, како и приговор поднесен од организатор на изборна кампања.

Според посебните извештаи на Државната комисија за спречување на корупцијата, за утврдените состојби во финансирање на изборните кампањи за избор на претседател и за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија 2024 година, од вкупно 61 поднесени пријави од граѓани и институции, ДКСК има постапено по 53 предмети, за кои има донесено 45 одлуки од своја надлежност.

Претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, во Собранието денеска изјави дека извештаите укажуваат на потребата од унапредување на системот за мониторинг и надзор на изборните кампањи.

– ДКСК препорачува воведување на нови механизми за следење на приходи и расходи, како и реорганизација на административните процеси. Овие два извештаи претставуваат значаен документ кој дава јасна слика за состојбата за финансирање на изборните програми и ја нагласува потребата од реформи и подобрувања кои ќе обезбедат фер и транспарентен изброен процес во иднина, посочи претседателката на ДКСК шри разлгедувањето на Посебен извештај на ДКСК  за утврдените состојби во финансирање на изборната кампања за Избор на Претседател на Република Северна Македонија 2024 година на 15. собраниска седница.

Од вкупно донесените одлуки, донесени се 30 одлуки за запирање, 15 одлуки за отфрлање, додека 8 предмети се затворени со заклучоци поради идентична или слична содржина.

Во рамките на своите надлежности ДКСК има покренато шест иницијативи за поведување постапка за кривично гонење по предметите по кои има постапувано.

Исто така, ДКСК има покренато 4 иницијативи пред надлежните органи за поведување на постапка за утврдување на одговорност на службени лица.

Анализата на ДКСК покажува дека најголем дел од пријавените изборни нерегуларности, вкупно 58 проценти се однесуваат на прекршување на член 8-а став 1 алинеја 3 од Изборниот законик каде е уредено дека: „од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори до завршување на изборот на претседател на Република Македонија, пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите, како и од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори па до завршување на изборите за избор на градоначалник или членови на советот, односно до конституирањето на советот на општините и градот Скопје не може да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи“.

Извештаите беа разгледани, а претресот беше завршен со прост преод.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ