• Latest
Фотомонтажа: Фронтлајн

Орбан ги отварa вратите во Северна Македонија за неговите политички и економски интереси!

September 26, 2024

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
Фото: Руска нафтена инсталација. Скриншот од видео на MIRROR NOW

Кина ја зграпчува руската нафта откако побарувачката од Индија се намалува по царините на Трамп

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Орбан ги отварa вратите во Северна Македонија за неговите политички и економски интереси!

September 26, 2024 19:10
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Фотомонтажа: Фронтлајн

Фотомонтажа: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Посетата на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан на Северна Македонија ги отварa вратите за неговите политички и економски интереси и го зајакнува влијанието на оската на илиберализмот кој го има како на Исток така и на Запад, велат познавачите на политичките збиднувања во земјата и на меѓународната сцена, коментирајќи ја дводневната посета на унгарскиот премиер и неговиот владин кабинет на Северна Македонија.

– Се отвараат вратите пред сè за Орбан, т.е. за неговите политички и економски интереси, несомнено и за зајакнување на влијанието на оската на илиберализмот кој го има како на Исток така и на Запад. Со посетат на Орбан се отвараат вратите не само за Путин, туку и на Трамп), вели за „Фронтлајн“, универзитетската професорка Ана Чупеска.

Универзитетскиот професор и поранешен амбасадор во НАТО, Нано Ружин, средбата меѓу премиерите Христијан Мицкоски и Виктор Орбан повеќе ја гледа како билатерална, на која, вели дека, најверојатно ќе се зборува и за руските позиции, односно за позициите кон украинската криза.

Нано Ружин

– Сметам дека од денешен аспект не сме во состојба да ја менуваме нашата глобална стратегија кон војната во Украина, а постојат и извесни принципијалности – бидејќи во таков случај би се предизвикала голема реакција од САД и ЕУ – доколку настојуваме да ја менуваме политиката кон војната во Украина. Без разлика на посетата на Орбан мислам дека остануваме на иста линија. Надворешната политика на Северна Македонија не е независна, таа треба да ги исполнува и да ги следи принципите на НАТО и ЕУ, изјави за “Фронтлајн“, Ружин.

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, заедно со делегација на унгарската Влада, денеска и утре, ќе биде во официјална посета на Северна Македонија. Во еден од охридските хотели, според најавата, владите на Северна Македонија и на Унгарија ќе одржат и заедничка седница.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер и премиер Христијан Мицкоски важат за блиски со Орбан и неговата партија Фидес.

Набргу по формирањето на Владата во Скопје во јуни, за време на самитот на НАТО во Вашингтон што се одржа во првата половина на јули, Мицкоски со Орбан договори Северна Македонија да земе кредит од Унгарија во висина од 500 милиони евра. На 17 септември законот за унгарскиот кредит беше изгласан и во Собранието.

Во Унгарија се наоѓа и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски. По паѓањето од власт, додека во земјава се водеа повеќе судски случаи против него, Груевски во ноември 2018 година избега во Будимпешта каде доби политички азил.

Дестан Јонузи

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ