На 9 октомври Врховниот суд на Белорусија ги одби жалбите и ги потврди пресудите и долгогодишните затворски казни за 20 независни политички аналитичари, истражувачи и новинари во случај кој широко се смета за политички мотивиран. Овие лица, меѓу кои се и новинарите Јури Дракакхруст и Хана Љубакова, се осудени во отсуство бидејќи се наоѓаат во егзил, објави МЕТА.
Групата е осудена по обвиненија дека ковале заговор да ја урнат владата и за „учество во екстремистичка група“, со затворски казни од 10 до 11 ½ години. Првобитната пресуда беше објавена на 1 јули, по што обвинетите поднесоа жалба. Со оглед на околностите, одлуката на Врховниот суд да ги потврди пресудите ја одразуваа политиката на белоруската влада за пресметка со дисидентите. Доколку некој од осудениците се врати во Белорусија, се соочува со затвор.
Бранот на репресија кон неистомислениците зајакна во 2020 година по оспорените претседателски избори, по кои Александр Лукашенка го презема шестиот мандат, предизвикувајќи масовни протести. Многу од опозициските лидери ја напуштија земјата, меѓу кои и противкандидатката Свиетлана Тихановскаја и нејзините помошници.
„Оваа одлука на судот ја покажува немилосрдноста на напорите на режимот на Лукашенка да се потиснат опозициските гласови и во Белорусија и во странство,“ изјави Хана Љубакова, новинарка и аналитичарка во американскиот тинк тенк Атлантик Кансил, која е осудена на 10 години робија.
„Се работи за политички мотивиран случај наменет да ги преплаши луѓето кои се во егзил и да ги прекине нивните врски со граѓаните на Белорусија кои кои што сè уште се во земјата. Наспроти овој прогонот, ќе продолжиме со нашата работа и анализи“.
извор МЕТА