Новата еврокомесарка за проширување Марта Кос, во одговор на новинарски прашања денес по изгласувањето на новата Европска Комисија, го повтори она што го кажа за време на сослушувањето за потврдување на нејзината кандидатура, дека очекува Северна Македонија да го смени уставот бидејки тоа е нешто на кое што сметаат во ЕК, ништо помалку и ништо повеќе.
Верувам дека тоа е можно, и потоа навистина да го забрзаме процесот, дополни новата еврокомесарка за проширување.
Кос на прашањето дали може да има гаранции дека нема да има други блокади, кажа дека таа не онаа која може да даде одгоор на тоа прашање, а за надминување на проблемот со Бугарија, посочи дека треба да се зборува што е можно повеќе, и со Северна Македонија и со Бугарија.
Мора да покажеме дека тоа е во наши раце, како да го решиме овој билатерален проблем. Без ова, следејќи ги европските вредности, нема да можеме да го направиме она што е најдобро за ЕУ, и секако што е најдобро за Северна Македонија, кажа Кос.
Таа посочи дека прошитувањето денес е поинакво отколку пред пет години, променета е геиполитилката ситуација, поради тоа динамиката на проишрувањето денес е сосема друга, и дека имам реални шанси во следните неколку години, да се доведат неколку држви до крај на процесот за нивен влез во ЕУ.
Не знам која ке бди таа држава, но ке биде онаа која ке ги исполни сите услови, нагласи Кос.
Во донос на влезот на земјите од Западен Балкан во ЕУ до 2030 година, новата еврокомесарка за проширување изрази мислење дека нејзиното назначување е позитивно за Западен Балкан.
Од Стразбур за ЦивилМедиа,
Драган Мишев