• Latest

Милијарда причини за крај!

February 19, 2017
Фото: Скриншот од видео на DW

Седуммина милитанти на Ал Шабаб облечени како војници упаднале во сомалиски затвор, владата тврди дека сите се убиени

October 5, 2025
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Милијарда причини за крај!

February 19, 2017 15:54
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонска народна приказна: „Кога целото стадо трча кон амбисот, оној кој трча во спротивна насока, се смета за улав!“

Пишува: Синиша Станковиќ

Израснав во дворот на Драмски театар во Карпош 2, гледајќи ги со другарите, во есенските и зимските вечери, по десетици пати „Црнила“, „Солунски патрдии“, „Болва во уво“…, стоејќи или седејќи на столче отстрана, во полната сала… Обземен од магијата на  играта, наизуст ги знаев репликите на дел од актерите, кои за мене тогаш, беа идоли, а тоа чувство, барем за некои од нив, не ме напушти ни подоцна, кога ги запознавав без костими и шминка, и пиев со нив, на некои теми, во театарските бифеа…

Но, тоа е дел од една поинаква, далеку поубава приказна, од времињата во кои добро се знаеше кој е еснаф, а кој е фукара (зашто, и чаршијата веднаш ги соголуваше обидите за маскирање на празнотијата низ пенавење/курчење). Откако последниве десетина години се урнисаа сите норми, критериуми и стандарди, а криминалот под партиско знаме стана главна содржина на македонската хорор-приказна, проретчив и со театарот…

За жал, речиси четири децении по прекрасните актерски изведби во Драмски, и Карпош, и Скопје, и Македонија – сé уште живеат во налудничавото самозалажување дека Итер Пејо од „Патрдиите“, навистина е поербап од сите поедуцирани и побогати од него, од чаушите, заптиите или валиите, и дека на крајот на секоја приказна ќе испадне нај-мангуп, не оти нешто знае и работи, туку дека е чаламџија и дубарџија, кој зад грб ќе изведе некој марифет… Цела Македонија и денес како да живее според сценариото на „Македонските народни приказни“, зацапана во преминот од 19 во 20 век. И јас, сé до скоро, бев циник, како Фезлиев од „Црнилата“, и единствено што можев да правам е да врескам, да пишувам, да се обидувам да ги раскринкам неморалните сечикеси кои здушно работат против интересите на својата држава и нација. Да ги тргам маските од лицата на заталканите статисти без име и семселе, кои катапултирани од некоја недојдија, како папагали ги повторуваат лагите – за кои почнаа и да веруваат дека се единствената, од Партијата-судбина, нели, подарена вистина. Да се обидувам да останам нормален, во каков-таков обид да ги осветлам причините за македонските црнила. Секој ден, сé потемни и помрачни. Како и предвидувањата за иднината…

За, последниве недели, веќе да се чувствувам како оној Камил Шандебиз од „Болвата“, и да си повторувам: „Јас сум луд!“.

И да се шетам како шашардисан… Оти, мора да сум луд, мора да сум споулавел, обидувајќи се да трчам во спротивната насока од зомби-самоубијците, кои чипирани и отруени од лагите, во јуриш се тркалаат кон работ на амбисот. Мора да не сум токму, кога во 21 век, во Европа, се соочувам со предвоена хистерија, со закани на хушкачи, сепнат од  страв од „нож в плеќи забиен“ – „од рака своја“! До кое дереџе нé исклоцаа?

Во почетокот беше смешно, оти беше глупаво до балчак! И се смеев, оти погрешно мислев дека нема да може да помине. Иако признавам, се прашував – на што дрога е власта? И, што се случува со моите комшии, роднини, кои ѝ ги голтаат лагите…? И, се мислев, како да се реагира, кога пензионери, на Денот на вљубените, се грбавеа со полициски специјалци за бесплатно патување со воз до Демир Капија, каде ќе имале шанса за бесплатни залак-мезе и голтка-вино или ракија. Осиромашени до болка, со вграден еластичен рбет. Но, и со ретка можност да заиграат во исто оро на турбо-фолк песна, со евроамбасадорот во Македонија…

Во каква претстава е главен лик кутрата Македонија? Битова драма? Водвиљ? Научна фантастика? Се плаќале нуркачи да ги чистат фонтаните од ѓурултијата – „Скопје 2014“ од ѓубре?! Се плаќале „свирчиња“ да ги бркаат птиците, оти не им личеле нивните фекалии врз главите, на стотиците ѓоа-херои, скаменети на скопските плоштади? Од наши пари? Накотени бедници, нé правеа сите нас сé победни, арчејќи ги нашите пари. Во држава која е сé позапустена, од која стотици илјади жители избегаа задник преку глава, ама која е и „вај-фај кантри“, нели, и безвремена и библиска, и вечна… Во „сапуницата“ на власта и во недугавите скапоцено платени реклами… А, во која истовремено, илјадници луѓе немаат пристап во вода и до тоалети, и умираат луѓе, деца умираат, поради немање лекови или негрижа..

Помина времето кога власта беше карикатурална, кога сé беше толку смешно, што не беше ни за подбив, единствено, можеби, за сожалување… Сега е морничаво! Се закануваат со војна, уште пред да дојде вистинската сметка за тешкото, еднодецениско пијанство… А тогаш? Допрва нé чека зимата…

Ај, да не станувам параноичен за сé што може да се случи со оние 318 амандмани, поднесени од главно, грчки и бугарски европарламентарци на Предлог-резолуцијата за Република Македонија, изготвена од известувачот Иво Вајгл и претставена пред Комитетот за надворешни работи во Европскиот парламент. Додека фукарата од петни жили сакаше да се етаблира во еснаф…, кој да арчи време за дипломатија? Во времињата на големото лицемерие, во кое бездушниците крадеa без исаф? Кој да води сметка за Македонците во Албанија, кога ги баталил Македонците во Македонија?

А, за да опстане државата, некој ќе мора да остане и да живее во неа. И да јаде, ако има што…

А, на новата влада ќе ѝ треба најмалку една милијарда евра за подмирување долгови и заживување на стопанството! Или, појасно, за да се вратат долговите на државата кон јавните претпријатија и компаниите, за малку од малку да профункционира зачмаеното стопанство, новата владата ќе треба да се дозадолжи за уште една милијарда! Нели, одамна се навикнавме, секој вторник, буквално секоја седмица, да ни врзуваат уште еден камен (тежок десетици милиони евра) околу вратот – за процесот на што поуспешно тонење на Македонија. Сé подлабоко… Ама, тие задолжувања се трошеа за „покривање“ на најбројното гласачко тело во државата и за небулозните бенефити за истите граѓани – највозрасниот дел од популацијата. (За естетското злосторство и вулгарниот криминал околу панаѓурот „Скопје 2014“, и да не зборуваме). Кога ќе стигне вистинската сметка за лудилото, допрва ќе боли, ќе виеме од болка…

Веќе сега, бизнис-заедницата „авансно“ си бара дијалог со идната влада – за подобра имплементација на законите и вклучување на бизнисмените во заздравувањето на стопанството. Иако, „милијардата евра обврски кон нивните компании може да се обезбеди преку конфискација, која ќе се реализира токму со помош на бизнисмените“ (Суад Мисини), ако до тоа не дојде, ако не се врати во буџетот – украденото од арамиите, на Македонија ќе ѝ требаат децении да ги закрпи дупките, да ги залечи раните од колективната халуцинација за сопствена моќ, историја, важност во светски рамки, немерливи можности за развој…

Македонија има милијарда причини за спуштање на завесата на оваа трагикомедија, и за нова, сосема поинаква претстава, со целосно поинаква режија на нов, далеку поквалитетен текст.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „сапуница'арамииБолва во увозадолжувањемилијарда еврасечикесиСкопје 2014Солунски патрдииЦрнила
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ