• Latest
Никица Корубин

(Само)укинување на опозицијата

January 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
ФОТО/Израелски одбранбени сили (ИДФ) - Wikimedia commons

Израелската Влада ѝ нареди на војската да ги ограничи офанзивните операции во Појасот Газа

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

(Само)укинување на опозицијата

January 9, 2025 14:13
in ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Никица Корубин

Никица Корубин

Share on FacebookShare on Twitter

НИКИЦА КОРУБИН

Кога една политичка партија ќе доживее пораз, каков што доживеа на последните парламентарни избори СДСМ, просторот за кредибилно политичко дејствување е сериозно разнишан. Бидејќи се намалува медиумскиот интерес, на и онака контролираната јавност, институционалните механизми остануваат клучни. А, од нив парламентарното дејствување, секако стои на врвот на уставната поставеност на системот на државата.

Оттаму, флагрантното непочитување, кое го демонстрира СДСМ, „до вчера” доминанта партија од власта, кон инструментите на законодавната контрола, моноторинг и следење на ефективната власт (извршната) ја проблематизира нивната улога на опозициска партија, но и ја наметнува дилемата за улогата што ја имале како водечка владеачка партија во последниот мандат.

Одбивањето, политички да се искористи, највисокиот инструмент за контрола врз извршната власт, механизмот на интерпелација, засилена преку формална одлука на партиски орган, отвора сериозно прашање, за нивната поставеност во конкретниот политички, регионален и гео-стратешки контекст, во кој се наоѓа Северна Македонија.

И ако тие не наоѓаат ниту една причина, собраниската седница за интерпелација на три министри и еден заменик министер, да ја искористат за да укажат на проблемите, недостатоците и опасностите од функционирањето на предметните ресори или носители на истите; да го кажат својот индивидуален и колективен став и да одиграат единствената улога која ја имаат – опозициската; влегуваат во опасен преседан на пасивизација и свесно откажување од законската обврска, што со себе ја носи пратеничкиот мандат.

И бидејќи, СДСМ не се единствената опозициска политичка партија, истите аргументи, со значително минимизирано влијание, важат и за сите останати политички партии, кои свесно и тенденциозно ќе се откажат од сопствената законска и уставна обврска. Единствена дилема е дали, е донесена одлука и за не-поддржување на интерпелацијата на претседателската на Комисијата за социјална политика, демографијата и млади, која исто така доаѓа од редот на опозицијата, како и пратениците на СДСМ, и која е на дневен ред на истата седница.

Или тука важат други критериуми, и тука нема „опасност од етнички поделби” како што би рекле од СДСМ за поддршка или не за интерпелација, како што беше на пример поддршката за интепелацијата на претседателот на собранието Африм Гаши, поднесена од страна на Левица, каде притоа немаа се чини апсолутно никаков проблем со изнесените ставови во предлогот за интерпелација тогаш.

Уставната поставеност е кристално јасна, а според тоа и поделбата на властите. Највисоката власт, законодавната е власт, без разлика дали пратениците се дел од позициското или од опозициското мнозинство. И пратениците на СДСМ и сите останати парламентарни партии, во случајот на овие интерпелации, ако влезат во свесна пасивизација, де факто не ја објавуваат уставната улога на власт, која како опозиција има и дополнителна тежина во секој момент да ја предизвикува и преиспитува извршната власт, без разлика на мнозинскиот исход на гласањето.

И не обавувајќи ја таа своја функција, тие всушност ги оставаат и граѓаните, како носители на суверенитетот на државата, без елементарни политички и парламентарни информации и дебата.
Со оваа уникатна ситуација со која се соочува политичката сцена, ја остава ДУИ, како единствена парламентарна опозициска партија, и севкупно најголема опозициска сила. И за прв пат ги предизвикува (а, се чини и обединува) двете македонски партии во чинење или не-чинење, во постапување или непоставување, во функционалност или нефункционалност на системот, надвор од комотната позиција на „прикриена доминација” на македонски партии, со оставање простор за отворена албанофобија и „потчинување” на албанскиот политички фактор.

Но, овој исход, фрла сосема друга светлина на флоскулата, востановена во 2020 година за „ДУИ во опозиција” и нејзината вистинска намена во наративот кој систематски, партиско-партократски и медиумски се наметнува. И го отвора прашањето, дали Северна Македонија (освен ДУИ) има политичка опозиција? Веројатно, кога би имала, таа веднаш би ги иницирала и уставните измени, за конечно исполнување на обврските на државата. Обврски и одговорност, многу ли се бара?


Текстот е личен став на Авторката

 

 

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ