• Latest
Џелал Хоџиќ

Трите популистички балони на власта кои ќе издишат во 2025 година

January 21, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
ФОТО/Израелски одбранбени сили (ИДФ) - Wikimedia commons

Израелската Влада ѝ нареди на војската да ги ограничи офанзивните операции во Појасот Газа

October 4, 2025

„Марш за ангелите“ денеска во Кочани во 16:05 часот

October 4, 2025

За 24 часа Русија изврши речиси 600 напади врз Запорижја

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Трите популистички балони на власта кои ќе издишат во 2025 година

January 21, 2025 10:29
in ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ

Share on FacebookShare on Twitter

ЏЕЉО ХОЏИЌ

Почнува 2025 година, веќе сме во последната третина од “најдолгиот” месец во годината- јануари. Празниците завршија, животот продолжува, а политичките случувања ќе го обликуваат неговиот квалитет. Тие што нема да се занимаваат со политика, секако ќе разберат дека политиката ќе се занимава со нив и нивниот квалитет на живот.

Што можеме да очекуваме во 2025 година на политички план? Нема индикатори кои ќе донесат оптимизам за развојот на државата во вистинска насока. Јас очекувам дека 2025 ќе биде година на соочување со реалноста, а тоа соочување ќе донесе издишување на повеќе популистички балони кои власта ги пумпаше пред изборите. Во овој текст ќе одвојам три поголеми балони кои очекувам да издишат во 2025 година:

Првиот популистички балон на власта кој ќе издиши во 2025 година е очекуваниот подобар квалитет на животниот стандард на граѓаните.

Растот на цените на основните продукти за живот се веќе тема кај огромното мнозинство семејства и граѓани, чиј раст на плати во 2024 год не го следеше растот на минималната потрошувачка кошница за едно семејство. Како држава се враќаме на периодот и годините од времето на Груевски, кога минималната плата беше симбол на евтината работна сила, а не симбол на заштита на квалитетот на живот на работникот.

А суштината на минималната плата е потребата на заштита на квалитетот на живот на работникот. Формулата е едноставна, две минимални плати треба да се еднакви на трошоците една минимална потрошувачка кошница за едно семејство. Нема да ве оптеретувам со статистички податоци, тие се лесно достапни, а од нив е јасно дека во 2025 година ќе издиши целосно популистичкиот балон на Владата за економските политики и она што е ветувано пред изборите, подобар животен стандард на граѓаните. Корист од новите економски политики на власта ќе има само олигархијата, на сметка на квалитетот на живот на граѓаните.

Прашање на време е кога зголемениот притисок врз обичниот граѓанин за преживувањето на месецот ќе почне да се излева во разни форми на незадоволство кон власта. Власта која има речиси 2/3 мнозинство во Собранието ја има и јасната одговорноста за развојот на економијата и животниот стандард на граѓаните. Од одговорноста власта нема да може да побегне, а позитивните резултати ќе изостанат. Кредите кои се земаат не се предвидени за подобрување на статусот на работниците, туку се предвидени за подобра позиција на актуелните градоначалници за локалните избори кои се очекуваат на есен.

Вториот популистички балон на власта кој ќе издиши во 2025 година е подобра преговарачка рамка со ЕУ и одложено дејство на уставните измени.  

Како по рецептот со Преспанскиот договор, кој сегашната власт го критикуваше во опозиција, а после заклетвите по преземањето на власта почна да го фали како добар договор за државата, во 2025 ќе им стане јасно и на мнозинството граѓани дека власта додека била опозиција го дуваше и балонот за подобра преговарачка рамка со ЕУ.

Во оваа година ќе стане јасно дека е едноставно невозможно да се добијат вистински гаранции за понатамошниот процес во преговорите со ЕУ. Може да се добијат декларации со поддршка, такви веќе имавме, плус тоа не се гаранции. Впрочем, лутањето од не аргументираната реториката “Бугари во Устав е предавство” до “Не е проблем за Бугари во Уставот, сакаме гаранции да нема дополнителни барања” на самиот почеток на преговорите со ЕУ, беа маска зад која се сопре европската интеграција на државата.

Со издишувањето на овој балон издишува и лажната теза дека Европа не ја интересира Западниот Балкан, која ќе биде запечатена со следното проширување до 2030 година. Изборот на новата власт е или да се повлечат од сегашната политика и да направат брзи уставни измени и да го фатиме (да се вратиме на) возот со Црна Гора и Албанија за во ЕУ, или да остане на сегашните позиции за внатрешна блокада на европскиот пат и да се интегрираме со голема брзина во “српскиот свет” на Вучиќ, Вулин и Додик.

Дополнителен притисок за размислување за ре -позиционирање на власта, која е опиена и фасцинирана од авторитарното владеење на Александар Вучиќ, се забрзувањето на демократските процеси кои ги поттикнаа два фактора со ударот врз стабилократијата во Србија.

Првиот фактор се протестите на студентите, кои го обединуваат општеството во Србија против авторитарната власт на Александар Вучиќ. Вториот фактор се американските и британските санкции на нафтената индустрија во Србија, кои ќе траат се додека Србија не ја избрка Русија од сопствеништвото од нејзината нафтена индустрија. Цена која Вучиќ во моментов не знае како ќе ја плати. Она што на Вучиќ му е јасно е само едно: заврши седењето на две столчиња. Кое столче Вучиќ ќе го избере, она западното или она руското, ќе биде индикатор и за власта во Северна Македонија.

Третиот популистички балон на власта кој ќе издише во 2025 година е “Македонија е само на Македонците“

Предизборната националистичка реторика на тогашната опозиција, а сегашната власт, во која се подгреваа страстите на етничките Македонци и се дуваше популистичкиот балон дека со државата владеат само Албанците, поради кои ние како држава сме прифатиле лоши договори (Преспанскиот договор, како и францускиот предлог), како и дека за целата корупција во државата се криви само Албанците, е уште еден балон кој ќе издиши во 2025 година.

Бустираниот национализам преку слоганите од типот “Македонија повторно твоја” во предизборието, како и спиралата на националистичките кавги на владините партнери ЗНАМ и ВЛЕН, во комбинација со блокираниот европски пат успеа сериозно да ја наруши довербата помеѓу Македонците и Албанците, а и внесе и нелагодна ситуација помеѓу помалку бројните етнички заедници во државата.

За разлика од првите два балони, чие издишување ќе остане само на сметка на колективната меморија за големи предизборни лаги и измами, издишувањето на третиот балон носи неизвесни последици за државата, затоа што во овој момент на никој во власта не му е јасно каква ќе биде реакцијата и рефлексот на граѓаните Албанци на големото количество албанофобија кое го гледавме во политичкиот дискурс.

Од популистичките најави пред избори за нова преговарачка рамка за членство во ЕУ, власта на самиот почеток од владеењето се префрли во најави за дестабилизација, па сега целата држава е во грч и исчекување на лоши сценарија.

Очигледно е дека доправа концептот “Држава по мерка на сите нејзини граѓани“ ќе мора уште еднаш да го порази концептот “Македонија на Македонците“, како што тоа го направи неколку пати до сега во овие 30 и кусур години. Тоа е така, затоа што во својата суштина државата е мултиетничка.


Текстот е личен став на Авторот.

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ