• Latest
Ерол Ризаов

„Изгубени германци“ во Вашингтон

January 22, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
ФОТО/Израелски одбранбени сили (ИДФ) - Wikimedia commons

Израелската Влада ѝ нареди на војската да ги ограничи офанзивните операции во Појасот Газа

October 4, 2025

„Марш за ангелите“ денеска во Кочани во 16:05 часот

October 4, 2025

За 24 часа Русија изврши речиси 600 напади врз Запорижја

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

„Изгубени германци“ во Вашингтон

На скопскиот аеродром треба да се приреди голем пречек за нашите „гурбетчии“ во Америка кои само за неколку дена направија крупни зделки за добро на татковината. Од американските милијардери ќе се слеат милиони долари инвестиции во Македонија

January 22, 2025 12:50
in ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Ерол Ризаов

Ерол Ризаов

Share on FacebookShare on Twitter

ЕРОЛ РИЗАОВ

Чопоративното патешествие на македонската делегација на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ми заличи на една приказна за „изгубените германци“ што ја овековечи во култна драма Дејан Дуковски. Во Македонија имало измислен многу богат рудник. Некој од важните и влијателни индустријалци и офицери блиски до Хитлер, за да ги тргнат своите деца од виорот на војната, измислуваат рудник во којшто нивните синови не копаат ништо, а во Берлин го плаќаат тоа што не е ископано.

Работата со спектакуларната инаугурација испадна каде бевте? Нигде. Што направивте? Ништо. Или, што би рекле Србите, „само да им дупе види пут“. Еден бербер во Штип познат шегаџија своевремено додека го потстрижувал еден висок македонски функционер, по неговата посета на Русија, го прашал дали во Москва  има чавки. Да, да, видов  има чавки. Добро бе пријателе, тебе таму те пративме чавки ли да гледаш.

Нашата мешовита туристичка група не ги виде чавките  во Вашингтон, туку во Македонија. Постигнаа неверојатен успех дома сликајќи се во Вашингтон. Тие што се јуначеа и ја теглеа за уши Америка како големи патриоти под јорган планина преку ноќ станаа одушевени амириканофили и трамписти поголеми и од Америкаците. Ја обожуваат Америка и претседателот Доналд Трамп.

Тоа ќе потрае уште малку додека не стаса ферманот на Трамп за „земи или остави“, дипломатија, што нашата претседателка на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, како што вели, не може да ја разбере. А, странските дипломати во Скопје на кои им одржа предавање, како на своите студенти, не можат да разберат зошто воопшто се нафатила да биде претседател кога не може да разбере нешто што постои отако постои светот и векот, а тоа е „дипломатијата“ на интереси, на моќ, на морков и стап, на земи или остави. Ќе признаете ептен  неразбирливо.

Нема да помине многу време кога хорот пак ќе вика на сет глас нема правда за кутра Македонија. Тогаш ќе ги вратат на јавна сцена достоинството и гордоста. Првите укази што ги потпиша претседателот Трамп веќе го навестуваат тоа. Интереси и само интереси господа туристи со државни стотици илјади евра. Ќе си ја платиме екскурзијата поскапа од вашите големи достигнувања и оро ќе играме. Само што малку ми се измешаа работите со странските платеници во Македонија, американските шпиони и домашни предавници. Дали трампистите ќе им го земат лебот, или овојпат тоа не е исто. Да не ги мешаме непријателите со патриотите.

Дали можете да одговорите на прашањето што ќе избере големиот пријател Трамп за да удри со тупаница за Македонија од утре да ги почне преговорите со ЕУ и експресно да стане членка на Унијата. Кои интереси тогаш  ќе превладеат. Се разбира, го знаете одговорот, ама чаламот  ви е поголем од реалноста. Тоа уште добро се продава бадијала во Македонија. Ако не биде ништо, патриотите ќе смислат нова приказна за вавилонската ороспија и за лошите комшии. Сѐ така додека се верува на лагите.

Мислам дека би било добро на скопскиот аеродром да се приреди голем пречек за нашите „гурбетчии“ во Америка кои само за неколку дена направија крупни зделки за добро на татковината. Од американските милијардери ќе се слеат милиони долари инвестиции  во Македонија. Претседателот Трамп веќе ја запре помошта што ја дава Америка на многу држави, ама Македонија вечна ќе има посебен статус на три кафени лажичиња дневно додека не застане на нозе. Ете тоа е големиот успех на единствената висока делегација од регионот предводена лично од премиерот кој беше, или не беше поканет, сеедно.

Штом го видовме Христијан Мицкоски како разговара и прави значајни договори со многу богати луѓе за благодет на татковината значи работата е завршена само за седум месеци, нешто што никој досега не успеал во изминатите сто години.  Важен е резултатот од пропагандата која со денови ни ги отече… главите како балони да не речем нешто друго.

Како заклучок пораката на мојот пријател: Ако на глупоста не ѝ можеш ништо направи шега на нејзина сметка и горчливо насмеј се. Тоа глупоста нема да ја смени, ама така полесно се поднесува. Довидување до следната инаугурација на американски претседател. Ако бидеме тука.


Текстот е личен став на авторот. Преземено од Независен
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ