• Latest
Ерол Ризаов

Кога Македонија ќе стане најбогата на Балканот

January 28, 2025

24 ЧАСА: Пред избори споменици никнуваат како печурки по дожд; Ако сакаме држава на владеење на правото, мора да тргнеме од вистината, повикува Камбери; Додик без мандат; Виткоф слета во Москва

August 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на RFE/RL

Заедничка изјава на Меѓународната коалиција за враќање на украински деца: Ја повторуваме непоколебливата посветеност на заштитата на децата погодени од незаконската, неиспровоцирана и неоправдана целосна руска воена инвазија на Украина

August 6, 2025

Кривична пријава за Кавадарец – си го убил братот и го закопал во дворот

August 6, 2025
Фото: Скриншот МИА

Тешко болните деца ќе може да учат дома или онлајн

August 6, 2025

Пред избори, споменици никнуваат како печурки по дожд: Во Слупчане поставена спомен-плоча на загинати борци на УЧК

August 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Османи го повлече барањето за собранието до уставниот суд, за аналитичарите повлекувањето создава институционална несигурност; Новиот Кривичен законик во Албанија ги ублажува казните за корупција за високи функционери

August 6, 2025

МВР во координација со Обвинителство за утврдување говор на омраза кај навивачите на натпреварот меѓу Шкендија и Карабах

August 6, 2025
Фото: Фејсбук ФК Шкендија

„Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

August 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на Украински сили за специјални операции објавено на УкринформТВ

Зеленски и Сирски, една година од упадот кај Курск: Украинските сили го одржуваат присуството во рускиот Курски регион 

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кога Македонија ќе стане најбогата на Балканот

January 28, 2025 13:18
in ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Ерол Ризаов

Ерол Ризаов

Share on FacebookShare on Twitter
ЕРОЛ РИЗАОВ

Морав неколку пати да препрочитувам две неверојатни изјави едната на премиерот Христијан Мицкоски, другата на 497 полицајци дадена при нивната заклетва пред стапување на професионална должност. За жал, а циниците ќе кажат за среќа, двете поминаа глуво во јавноста, иако се работи за историски значајни  работи.

Прво, да ја споделам изјавата на премиерот Мицкоски која сигурно е искажана при здрава памет и целосна присебност потпрена на сознанија кои сѐ уште е рано јавно да се обелоденат, но добро е да се навестат бидејќи влеваат силен оптимизам и надеж за прекрасна иднина на Македонија како најбогата држава на Балканот.
Еве го делот од чудесната порака на премиерот испратена од Америка до граѓаните на  Македонија: „Сакам да ве убедам и покрај сите предизвици дома и покрај сите предатори, внатрешни и надворешни, кои што не сакаат Македонија да биде успешна, оваа Влада, оваа генерација ќе ги потврди илинденските идеали и ќе го продолжи делото на илинденците за суверена, независна и демократска Македонија која ќе биде најбогата на Балканот“.

Овој завет за остварување на идеалите на илинденците го кажале досега сите македонски премиери и претседатели, но ниту еден не се осмелил да изусти Македонија ќе биде најбогата на Балаканот за време на нивното владеење. Толку далеку и толку високо никој не полетал.

Што да се каже освен – ваууу, Македонија најбогата на Балаканот. Вакво нешто од нашите бројни фабрики на оптимизам уште никој не ветил, ниту на митинзи во предизборните кампањи кога најмногу се лаже. Но, штом пораката е испратена од Америка по средбите со влијателни политичари и бизнисмени, американски милијардери тоа може да се случи, Македонија да биде во догледно време најбогата на Балканот. Шансите се еднакви на изгледноста на Криволак да слетаат вонземјани.

Во ново руво Швајцарија на Балканите

Внимавајте, ќе станеме најбогати и тоа за време на владеењето на оваа влада и оваа генерација политичари. Симнувам капа за храброста вакво нешто да се каже јавно и да се остане жив и здрав и згора во тоа да се верува. Се разбира, со ограда, ако ова не е црн хумор и ако не е речено по некој коктел и во еуфорија на силно импресионираниот тазе премиер по „гаранциите“ на милијардерите кои во вакви пригоди знаат да бидат многу слаткоречиви и штедри.

Во големо исчекување сум во првата наредна прилика премиерот малку да го разјасни ова чудо невидено досега за обнова во ново руво на утопијата „Швајцарија на Балканите“ која прв ја промовираше Ванчо Михајлов, а по него во независна Македонија уште неколку политичари паѓајќи во транс од оваа примамлива, но никогаш неостварлива идеја Македонија да биде Швајцарија. Но, ова е сега сосема нешто ново кога се испраќа од Америка експресна телеграма до најсиромашниот народ на Балканот за големата среќа и благодат што претстои во блиска иднина. Ова му доаѓа како божја порака за убавините на оној свет, кога мачениците одат во рајот.

Значи, нема друго чаре, туку на оваа влада да им се даде доверба уште два, три, пет или уште колку треба мандати да се заврши работата за остварување на илинденските идеали да живееме и работиме во најбогатата држава на Балканот, а  зошто да не и малку пошироко.

Немојте сега да инсистирате на детаљите како тоа и кога точно ќе се случи. Ѓаволот е секогаш во детаљите. Таквите подробности не можат да се кажат сега оти работата може да ни ја расипат предаторите, внатрешните и надворешните непријатели, кои зборуваат за изолација, сиромаштија и распаѓање на државата. Сеат дефетизам.

Сега, во овој период, само е важно да се верува дека ќе бидеме најбогати во регионот. Штета што оваа радосна вест не се прифати со должно внимание и не ечеа камбаните на провладините медиуми, а и социјалните мрежи беа прилично воздржани. Изгледа не поверуваа ни апологетите на власта да аплаудираат на големиот успех што нѐ очекува додека Мицкоски е премиер. Јас верувам дека Владата и оваа генерација политичари на власт предводени од премиерот Христијан Мицкоски, американските милијардери според проектите на Русинот Григориј Потемкин работата ќе ја завршат. И сигурно ќе ги дочекаме Потемкиновите села.

На што се заколнаа 497 полицајци

Е, сега, малку за заклетвата на 497 полицајци која во една реченица докажува дека ако не најбогата на Балканот може Македонија да биде навистина пристојна држва за живеење само да се спроведе тоа во што се заколнаа полицајците кога во еден глас повторија: „ Ќе ги почитуваме  уставот и законите и меѓународно ратификуваните договори“.  Да, да, добро сте прочитале ќе ги почитуваме уставот, законите и меѓународно ратификуваните договори. Тоа сигурно се однесува не само на полицајците дека ќе ги почитуваат и  бранат уставот и законите, првата и слободите , туку и на сите граѓани вклучувајќи ја и владата, Собранието, претседтелот на држаавата,  и оваа и наредните генерации политичари.

Значи, ратфикуваните договори со Грција и со Бугарија ќе се почитуваат и ќе се спроведуваат, или пак некој го згрешил текстот на заклетвата. Никој од нас не бара нешто повеќе, туку да се почитува тоа што е договорено и ратификувано во Собранието од народните избраници. Но реалноста во Македонија не е таква. Најголемиот проблем Македонија да не стане успешна приказна е токму самоблокадата и непочитувањето на склучените и ратификувани договори со соседите кои водат кон остварување на тешките реформи и членство во ЕУ за што сите релевантни политички партии и политичари, МАНУ и други државни институции во Македонија веќе 33 години тврдат дека е најголемиот стратегиски државен интерес.

Во оваа заклетва има една вчудоневидувачка контрадикторност. Полицијата ќе ги брани и почитува меѓународните ратификувани договори, а власта ќе ги блокира како национално предавство. Ајде сега оди мери им го имот, ем ќе бидеме најбогати на Балканот, ем ќе ги почитуваме договорите на предавниците. Ово нема ни у Београду.


Текстот е личен став на авторот. Преземено од Независен
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

[mailpoet_form id="1"]

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ