• Latest

Како „Партизанска“ да стане „булевар на животот“, а Скопје метропола?

February 9, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
ФОТО/Израелски одбранбени сили (ИДФ) - Wikimedia commons

Израелската Влада ѝ нареди на војската да ги ограничи офанзивните операции во Појасот Газа

October 4, 2025

„Марш за ангелите“ денеска во Кочани во 16:05 часот

October 4, 2025

За 24 часа Русија изврши речиси 600 напади врз Запорижја

October 4, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Трамп му нареди на Израел „веднаш“ да престане со бомбардирањето на Газа, откако Хамас се согласи да ги ослободи заложниците

October 4, 2025

Шести ден изборна кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, Теарце Брвеница и Ѓорче Петров, СДСМ во Велес, Свети Николе и Чашка, „Независни заедно“ прес конференција во Скопје

October 4, 2025

Европа треба „сериозно да се справи“ со заканата што ја претставува Русија, порача украинскиот министер

October 4, 2025
Фото илустрација, генерирано со Ви

Аеродромот во Минхен е принуден да ги прекине летовите втор ден по ред поради забележани дронови

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Како „Партизанска“ да стане „булевар на животот“, а Скопје метропола?

February 9, 2025 13:23
in СТАВОВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЖАРКО ТРАЈАНОСКИ

Речиси секојдневно пешачам по „Партизанска“ од мост на ОН до Соборен храм.

И неретко размислувам за неа како за еден од големите проблеми на Скопје.

Зошто „Партизанска“ е акутен проблем на Скопје?

Прво, на „Партизанска“ има триесетина пешачки премини, од кои само еден надземен „Влајко“ – тотално нефункционален. Во Скопје не функционираат ни надземни, ни подземни пешачки премини, што го прави пешачкиот живот многу опасен.

Второ, „Партизанска“ е веќе претесна за сообраќај во време на „шпиц“ и не ги задоволува ниту елементарните сообраќајни потреби на скопјани. И овој дел од проблемот нема да се намалува, туку ќе прогресира.

Трето, гужвите, сообраќајот, а особено огромниот број на стари автобуси кои секојдневно сообраќаат по неа ја прават „Партизанска“ еден од главните извори на загадување и бучава. И овој дел од проблемот прогресира.

Накусо, „Партизанска“ е извор на небезбедност (и за пешаци и за возачи), извор на гужви и нервоза, извор на загадување и бучава.

Може ли да се решат овие акутни проблеми кои ги создава „булеварот на смртта“, а притоа и некои други горливи проблеми на Скопјани, како што се недостигот на плоштади, паркови и културно-забавен живот од двете страни на „Партизанска“?

Како „булеварот на смртта“ да стане „булевар на животот“?

Има ли решение за сите овие проблеми кои ги предизвикува булеварот „Партизанска“ долг околу 5.5км од пазарчето Ѓорче Петров до Центар? Напати, шетајќи покрај „Партизанска“ добивам визија како „булеварот на смртта“ да стане „булевар на животот“.

Многу едноставно. Треба само да си ја замислите „Партизанска“ под земја, како проширен булевар по кој ќе сообраќаат само електрични автомобили и автобуси.

Дајте и оддишка малку на фантазијата. Што би добиле со подземен булевар?

Прво, на подземна „Партизанска“ нема да има пешачки премини, нема да има ни пешаци, пешаците би се движеле над булеварот. Нема да има никаков контакт помеѓу пешаците и возачите, и едните и другите би се движеле максимално брзо и сигурно.

Второ, „Партизанска“ би била проширена за сообраќај со по две ленти и ќе ги задоволуваа елементарните сообраќајни потреби на скопјани и за време на „шпиц“.

Трето, подземниот булевар нема да биде извор на загадување и бучава.

Четврто, наместо сегашните крстосници со семафори на „Партизанска“, би добиле десетина плоштади! Еден голем плоштад меѓу Соборен храм и „Порта Буњаковец“, плоштад „Буњаковец“ (меѓу трговскиот и пазарчето, библиотеката и паркот пред „Архитектонски“), плоштад помеѓу „Универзална“ и „Апче“, Плоштад „Рузвелтова“, два помали или еден мега-плоштад од Хотел Карпош сосе „Лептокарија“ (погоден и за масовни народни собири), Плоштад „Сити Мол“, Плоштад „Антико“ и Парапунов, Плоштад „Влае“ (без бензинските, затоа што нема потреба), Голем плоштад „Порта Влае“, и Голем Плоштад од „Пазарче Ѓорче“ со кружниот тек кај „Св. Петар и Павле“.

Петто, оваа низа од десетина плоштади низ три општини (од Центар, до Ѓорче), би била поврзана и со десетина нови паркчиња и паркови. Онаму каде што нема зеленило и паркови, граѓаните би добиле паркчиња, а каде што има зеленило би се проширило, па некои паркчиња би прераснале во паркови (како во Карпош 4, спроти „Палма“).

Накусо, од извор на несигурност (и за пешаци и за возачи), извор на гужви и нервоза, извор на загадување и бучава, од „булевар на смртта“„Партизанска“ би се трансформирала во „булевар на животот“ кој секако ќе пркне во десетината нови паркови и плоштади кои во Скопје ги нема ни за лек.

А зошто само „Партизанска“?

А зошто само „Партизанска“, зошто истиот модел на подземен булевар и надземни плоштади и паркови да не го примениме и во други скопски општини?

Ако ги замислиме под земја булеварите од „Веро Џамбо“ до Ново Лисиче (3.8км) можеме да добиеме уште десетина плоштади поврзани со паркови. И не само тоа, туку така ќе добиеме една поврзана широкопојасна пешачко-велосипедска зона (без автомобили) од Ѓорче Петров преку Центар, до Ново Лисиче.

Ако го замислиме под земја булеварот од „Мавровка“ до БИХ (3.2км), можеме исто така да добиеме уште десетина плоштади поврзани со паркови и нови широкопојасни пешачко-велосипедски зони (Од Ѓорче Петров до Бутел, и од Бутел до Ново Лисиче).

Значи, ако направиме подземни булевари во должина од само 12.5км, практично ги решаваме најголемите проблеми на мнозинството скопјани – безбедно возење и шетање низ градот во триесетина нови плоштади и паркови, каде што нема ниту испарувања од бензин и нафта, ниту бучава од автомобили, ниту пак „татини синови“ кои возејќи 130 км на час го загрозуваат животот на пешаците.

Колку би чинеле „булеварите на животот“?

Знам, ќе кажете дека од фантазии не се живее. Но, еве, да се спуштиме на земја, и да прашаме колку би чинеле овие три широки подземни булевари во должина од 12.5км?

Пред да почнете да кукате дека многу би чинеле, само неколку информации за блиски градови до Скопје. Софија веќе има метро од 52 км, со 47 подземни станици! И омилениот „наш“ Солун од ноември има метро со една линија од 9.6км и 13 станици. Во декември Белград потпиша договор за изградба на првата линија метро, а Вучиќ одамна се фали дека ќе има метро во 2028 (иако никој разумен во тоа не верува). Накусо, во блиски градови до Скопје прилично се инвестира во подземни сообраќајници. Зошто тогаш инвестиции во подземни сообраќајници би биле „фантазија“ за Скопје?

Знам, ќе кажете и дека во Скопје нема многу електрични возила, а ги нема ни ветените, а изгласани, 250 нови електрични автобуси! Но, за пет години 80% од колите во Британија ќе бидат со 0 емисија, а 100% за една деценија! Практично, ако почнеме да ги градиме сега сообраќајниците, за 5 години електричните возила ќе станат стандардни.

Колку би чинело Скопје од некропола, со булевари на смртта, и без плоштади и паркови, да стане метропола со три подземни „булевари на животот“ и километри нови јавни површини, со триесетина нови плоштади и паркови, со дневен и ноќен живот по мерка на сите генерации?

Сигурно нема да чини колку што не чинеше „Скопје 2014“.


Текстот е личен став. Преземено од ФБ профилот на Авторот
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ