• Latest

Докторите предупредуваат на ТикТок предизвик со земање големи дози „парацетамол“

February 10, 2025
Трамп и Путин во Алјаска. Фото: Скриншот

Путин и Трамп се ракуваа пред медиумите и прошетаа по црвениот тепих во Енкориџ

August 15, 2025
Фото: Профил на Х, Карл Билд

Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

August 15, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

Собранието закажа итна седница за измени на Изборниот законик, иако изборите се веќе распишани

August 15, 2025
Фото: Принтскрин

Навалнаја до Путин: Ослободете ги сите политички затвореници

August 15, 2025
Ескалација на протестите во Србија
Фото извор - Нова.рс

Генералниот секретар на Советот на Европа загрижен поради протестите во Србија: Власта да го почитуваат правото на мирно собирање

August 15, 2025
Фотографија: МИА Архива

Министерот за одбрана на САД Хегсет ќе се придружи на самитот Трамп-Путин во Алјаска

August 15, 2025

ЗНМ: Недостигот на правила за платена политичка реклама во онлајн медиумите создава корупциски ризици

August 15, 2025

24 ЧАСА: Кривична за екс- претседателка на ДКСК – обвинува за притисок од власта; Путин на гости кај Трамп; судири, солзавец и демолирање на протестите во Србија; САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

August 15, 2025
Фотографија: МИА

Екс-антикорупционерката Ивановска доби кривична – обвинува за притисок од власта

August 15, 2025

МВР поднесе кривична против директорката од Демир Хисар за одземање или уништување службен печат или спис

August 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Докторите предупредуваат на ТикТок предизвик со земање големи дози „парацетамол“

Ако сепак се случи труење, а не се поминати 2-4 часа, Беќаровски советува веднаш да се дадат 10 таблети медицински јаглен и АЦЦ - 2 кесички и да се побара лекарска помош. - Секундите некогаш значат спасен или изгубен млад живот, потенцираше Беќаровски на „Фејсбук“

February 10, 2025 13:41
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На Универзитетската клиника за токсикологија во Скопје досега нема пријавено случај во кој пациент следел тренд на социјалната мрежа „Тик-ток“ со земање големи дози „парацетамол“. Информацијата за МИА денеска ја потврди директорот Андон Чибишев, кој и самиот алармираше на претпазливост во врска со овој предизвик.

– Нова опасност им се заканува на нашите деца. Експериментот со „парацетамолот“ е исклучително опасен и може да заврши со тешко неповратно оштетување на црниот дроб или смрт. Токсичната доза изнесува  5 до 15 грама или 10 до 30 таблети од 500 милиграми или  леталната – смртна доза е 20-25 грама, напиша Чибишев неодамна на „Фејсбук“.

Појасни дека труење настанува заради исцрпување на метаболичкиот систем на црниот дроб, силното хепатотоксично дејство на N- ацетилмидокинонот – составна компонента на парацеталот, што предизвикува некроза или распаѓање на хепатоцитите, клетки што го градат црниот дроб.

– Следува таканаречен токсичен хепатитис што има исклучително тешка клиничка слика, проследена со масивни внатрешни крварења, тешко засегање на централниот нервен систем – енцефалопатија и акутно откажување на бубрежната функција. Ги повикувам надлежните институции внимателно да ја следат состојбата, апелираше директорот на Токсикологија.

За кобните последици што може да ги има предизвикот, се огласи и доктор Нико Беќаровски од истата Клиника.

– Од почетокот на оваа година, на платформата „Тикток“ кружи нов многу опасен предизвик меѓу младите, внесување големи дози „парацетамол“. Почитувани, колку и да звучи чудно, труењата со „парацетамол“ се меѓу најсмртоносните труења со лекови. Дури и мали дози 10-15 таблети предизвикуваат оштетувања на црниот дроб. 20-40 таблети предизвикуваат сериозни труења и оштетувања на црниот дроб, а труењата со над 50 таблети многу често завршуваат со смрт, дури и при интензивно лекување, подвлече Беќаровски.

Тој додаде дека секоја година, 30 до 50 отсто од акутните трансплантации на црниот дроб во САД и Европа се прават поради труења со овој лек.

– Затоа, контролирајте ги вашите деца, пред да ни се случи нова трагедија, советуваше Беќаровски.

Ако сепак се случи труење, а не се поминати 2-4 часа, Беќаровски советува веднаш да се дадат 10 таблети медицински јаглен и АЦЦ – 2 кесички и да се побара лекарска помош. – Секундите некогаш значат спасен или изгубен млад живот, потенцираше Беќаровски на „Фејсбук“.

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска одговарајќи на новинарско прашање, рече дека нема информации за пациенти од „Тикток“, млади луѓе кои користат по пет – шест парацетамоли, пријавени на Клиниката за токсикологија.

– Првпат ја слушам оваа информација, бидејќи, искрено, не користам „Тикток“, одговори тој на новинарско прашање. 

Фото: ТикТок

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ