• Latest
Фото: миа.мк

Жестока кавга меѓу Рубио и Маск во Белата куќа поради кратењата на персоналот

March 9, 2025

(ВИДЕО) Шефот на полското МНР, Радослав Сикорски ја обвини Русија дека намерно го нападнала воздушниот простор на Полска

September 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

Генералниот комесар на UNRWA: Целосната неказнивост и недостатокот на емпатија го претворија животот на жителите на Газа во пекол

September 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Потрагата по убиецот на конзервативниот активист Чарли Кирк продолжува, Трамп вели ова е „темен момент за Америка“

September 11, 2025

На полноќ завршува јавниот увид во Избирачкиот список за Локалните избори 2025

September 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на МИА

За Мицкоски не биле алармантни параметрите на штетните честички по здравјето на граѓаните, тоа било само визуелно

September 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

(ВИДЕО) Фон дер Лајен: Ова мора да биде Моментот на независноста на Европа

September 10, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: Полска собори руски дронови; EXIT демантира дека се преселува во Скопје; Макрон го назначи Лекорну за премиер

September 10, 2025
Првиот Ром кандидат за градоначалник на Град Скопје, адвокатот Срџан Амет / фото: А. Мехмети, ЦИВИЛ

Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

September 10, 2025
Фото: Лукоил Македонија/Фејсбук

ЦИВИЛ прашува – Лукоил, МНР и Економија молчат

September 10, 2025
Фото: А. Петровска / ЦИВИЛ

Љубчо Георгиевски: Патриоти сме кога Албанците или Бугарите треба да стават споменик, а за спомен плоча на докажан асимилатор – српски четник – нема проблем

September 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Жестока кавга меѓу Рубио и Маск во Белата куќа поради кратењата на персоналот

March 9, 2025 09:23
in ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: миа.мк

Фото: миа.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Државниот секретар Марко Рубио и милијардерот-претприемач Илон Маск имале жестока кавга на состанок на кабинетот свикан од Доналд Трамп, дознава Њујорк тајмс, повикувајќи се на информиран извор. Инцидентот се случил во Белата куќа за време на состанок посветен на реорганизација на кабинетот на министрите и намалување на државните трошоци.

Весникот дознава дека конфликтот почнал кога Маск го обвинил Рубио дека „нема отпуштено никого“ од своите потчинети. Во одговор, државниот секретар рекол дека претприемачот лаже и истакнал дека од Стејт департментот веќе биле отпуштени 1.500 вработени. Сепак, Маск не се повлекол и саркастично рекол дека Рубио е „одличен за телевизија“, алудирајќи на неговата неспособност за реални управувачки одлуки.

Дијалогот се одвивал во присуство на претседателот на САД, Доналд Трамп, кој набљудувал со прекрстени раце, навален на фотељата, пишува весникот. Конфликтот продолжил па Трамп конечно се вмешал и застанал во одбрана на Рубио. Претседателот рекол дека државниот секретар „врши одлична работа“ и дека бил многу зафатен: чести патувања, активни медиумски настапи и обврски во водењето на надворешната политика.

Овој инцидент претставува „пресвртен момент“ по првите турбулентни недели од вториот претседателски мандат на Трамп, нагласува Њујорк тајмс.

-Прв сериозен знак дека претседателот се спрема да го ограничи влијанието на Маск, чии постапки веќе се предмет на неколку судски процеси и предизвикаа незадоволство кај републиканците.

Според весникот, некои законодавци дури и директно изразиле жалби до претприемачот а пред шефот на Белата куќа. „Ненадејно свиканиот состанок бил сигнал дека претседателот е загрижен од растечкото незадоволство во земјата и дека се обидува да одржи рамнотежа со тоа што им угодил на двете страни, јавно пофалувајќи ги и Маск и членовите на својот кабинет“, коментира Њујорк тајмс.

Сепак, тој јасно стави до знаење дека продолжува да ги поддржува иницијативите на Маск за реорганизација на владата, но повикува на пореалистичен и понеутрален пристап околу ова прашање.

Според аранжманите, министрите кои се назначени од претседателот се одговорни за кратењата на персоналот во кабинетот, додека тимот на Маск има само консултативна улога, откриваат извори за весникот, пишува Њујорк Тајмс, пренесува МИА.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Зависна независност

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ