• Latest
Фото: Фејсбук на Арбен Таравари

Таравари и Муцунски во придружба на грчките заменик-министри за внатрешни и надворешни во посета на повредените во Солун

March 18, 2025
Фото: Кабинет на украинскиот претседател

Зеленски: Украинската армија нема да се повлече од Донбас, во спротивно тоа би го отворило патот за трета војна и идна руска офанзива

August 13, 2025

Администрацијата на Трамп го критикуваше Додик за дестабилизација на БиХ во нов извештај

August 13, 2025

Тече рокот за евидентирање на службените возила во Регистарот на ДКСК пред локалните избори

August 13, 2025
Илустрација: ВИ

Што е што во изборен контекст: Разликата меѓу национални и локални наративи

August 13, 2025
Фото: ЦУК

Уапсен скопјанец, фрлал камења врз хеликоптер што полнел вода за да гасне пожари

August 13, 2025
UN Special Rapporteur to the West Bank and Gaza Strip, Francesca Albanese. Via YouTube

Признавањето на палестинската држава не смее да го одвлече вниманието од запирањето на масовните смртни случаи во Газа, порача Франческа Албанезе

August 13, 2025
Фото: ЦИВИЛ

МФ: Исплатена нова транша кон Развојната банка од 11,3 милиони евра за поддршка на домашните комании

August 13, 2025

За десет години 2,5 милиони луѓе го напуштиле Западен Балкан — регионот ризикува пад од над 15 отсто од населението до 2050

August 13, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС.

Војници на Националната гарда се појавија во Вашингтон, додека градоначалникот го отфрла „авторитарниот притисок“

August 13, 2025

Собраниската Комисија за изборите и именувањата ќе формира Комисија за селекција на кандидати за претседател на ДКСК

August 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Таравари и Муцунски во придружба на грчките заменик-министри за внатрешни и надворешни во посета на повредените во Солун

March 18, 2025 10:42
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, РЕГИОН
Фото: Фејсбук на Арбен Таравари

Фото: Фејсбук на Арбен Таравари

Share on FacebookShare on Twitter

Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски и министерот за здравство Арбен Таравари утрово се во посета на повредените во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во две солунски болници, а министрите ги придружуваат заменик-министерот за внатрешни работи на Грција Костас Јулекас надлежен за областите Македонија и Тракија и заменик-министерот за надворешни работи Тасос Хаѕивасилиу, јави дописничката на МИА од Атина.

„Денеска во раните утрински часови заедно со министерот за надворешни работи г. Тимчо Муцунски и со Д-р Илир Вела дојдовме во Солун за да ја видаме состојбата на пациентите хоспитализирани овде.
Само што излеговме од „Општата болница Г. Папаниколау“ и Војната Болница во Солун, сите 5 пациенти примени во овие болница се во стабилна состојба! Им благодарам на нашите колеги во Солун, грчкиот народ и влада за нивната посветеност и помош! Ќе ве информираме за другите пациенти!“, објави министерот за здравство Арбен Таравари на својој Фејсбук профил.

Државната телевизија ЕРТ објави дека Муцунски ѝ се заблагодарил на Грција и дека повредените се во добри раце, додека пак солунскиот портал „Тестивал“ објави видео и фотографии од пристигнувањето на Муцунски и Таравари пред болницата Папаниколау.

Новинската агенција АНА-МПА пишува дека двајцата министри ги посетија тројцата пациенти хоспитализирани на Одделот за изгореници во болницата Папаниколау и поразговараа со нивните родители, а веднаш потоа се очекува да ги посетат хоспитализираните во воената болница.

Министерот Јулекас говорејќи утрово за грчката телевизија „Опен“ рече дека заедно со Таравари ќе ги посетат повредените со изгореници кои се лекуваат во болницата Папаниколау и во воената болница 424 во Солун и „заедно со министерот за здравство ќе биде и заменик министерот за надворешни работи на Хаѕивасилиу“.

– Во секој случај сме во континуиран контакт со одговорните на блниците и лекарите кои ги следат за состојбата на повредените. Ова е трагичен случај, трагична несреќа, национална трагедија и за жал овие луѓе се во тешка ситуација. Грција уште од првиот момент ги отвори нејзините врати, вратите на болниците, како што е случај и со Турција и со други соседни земји да обезбедиме секаква можна помош за овие луѓе кои во овој тежок момент во нивните животи, водат тешка битка, рече Јулекас.

Како што вчера објави МИА, министерот за здравство, Арбен Таравари најави дека ќе ги посети пациентите кои се наоѓаат во болниците во Солун и Софија.

Во болницата Папаниколау се хоспитализирани три лица, а во воената болница во Солун други двајца повредени, сите со тешки изгореници.

Доцна синоќа, со авион Ц-130 на грчкото воено воздухопловство од Скопје во Атина беа префрлени тројца повредени во пожарот во Кочани и се хоспитализирани во атинската воена болница 401 на Одделот за повредени со изгореници.

Фото: Фејсбук на Арбен Таравари

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фотоколаж: Скриншот од насловни стани на РТ и А1он

    ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • 24 ЧАСА: Јахта-пропаганда и предизборен спин; Мицкоски контра Меџити за УЧК; Пет новинари убиени во Газа

    85 shares
    Share 34 Tweet 21
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ