Министерот за здравство Арбен Таравари денеска престојуваше во Куманово во посета на семејството на 32-годишниот Ведат Адеми, кој почина во кумановската општа болница.
Според членовите на семејството на Ведат Адеми, тој починал починал откако му била администрирана венска линија со лек што содржел аналгин, на кој тој бил алергичен. Таравари најави дека по прегледот на извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат донел решение за разрешување на директорот на болницата Стефан Трајановски.
Што се однесува до медицинската одговорност за смртта на младиот човек, тој рече дека министерството и обвинителството ќе го испитаат случајот доколку има лекарска грешка.
Документите на Инспекторатот и Комисијата на Министерството за здравство ќе бидат испратени до Обвинителството и таму ќе се докажува дали во овој случај имало лекарска грешка.