Фото: Скриншот од видео на X
Фото илустрација, генерирано со Ви
Фото: Скриншот од видео на The Guardian
Фото: Влада
Фото илустрација: Генерирано со ВИ
Фото: Генералштаб на вооружените сили на Украина
Фото: Скриншот од видео на Х
Пожар избувна во рафинеријата за нафта Орскнефтеоргсинтез во руската област Оренбург на 3 октомври 2025 година. Фото: SBU

Уапсен поранешниот директор на ЈП Државни патишта, Ејуп Рустеми и три други лица

Според досегашните информации, полицијата спроведе акција во селото Џепчиште, Тетово, при што е уапсен поранешниот директор ЈП Државни патишта, Ејуп Рустеми, како што објавуваат медиумите на албански јазик.

Моментално, причините за неговото апсење не се познати, но се очекува во текот на денот да има повеќе информации во врска со овој случај.

Рустеми имаше неколку важни јавни функции, главно по доаѓањето на ДУИ на власт, како една од клучните фигури во инфраструктурата и транспортниот сектор. Се очекува во следните неколку часа да има повеќе детали за причините за неговото апсење.
Извори на ТВ21 информираат дека денеска се уапсени поранешниот директор на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, Дрилон Зибери, раководител на одделението за плаќање и контрола на уплатни места, Ејуп Латифи, помошник директор за одржување на патиштата и Џемал Билбиловски, сопственик на осигурителната компанија „2СС“. Според истите извори, оваа недела се очекува да има најмалку 15 уапсени, сегашни и поранешни функционери во повеќе институции.