• Latest

УНИЦЕФ: Локалните лидери мора да ја стават иднината на децата на прво место

October 3, 2025

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

УНИЦЕФ: Локалните лидери мора да ја стават иднината на децата на прво место

October 3, 2025 18:06
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на локалните избори, УНИЦЕФ апелира за промоција на здрава исхрана во и околу училиштата, поддршка за децата во ризик од сиромаштија и насилство, воведување едносменска настава, подобрување на предучилишното образование и отстранување на бариерите со кои се соочуваат децата со попреченост. Организацијата нагласува дека иднината на децата мора да биде во центарот на одлуките на локалните лидери.

„Имаме единствена можност да го насочиме вниманието кон благосостојбата на децата и да ги поттикнеме сите учесници во локалната заедница да го постават нивниот развој како приоритет. Речиси една третина од населението се деца, сепак тие и понатаму се непропорционално погодени од сиромаштија, исклученост и недоволни вложувања. Локалните власти имаат моќ да го променат ова. Одлуките што се носат на локално ниво – за училиштата, градинките, парковите и другите места во заедницата – ги обликуваат местата каде што децата живеат, учат и се играат. Овие избори се можност за храбри и трансформативни заложби што ќе му помогнат на секое дете да напредува и да го достигне својот целосен потенцијал“, се наведува во соопштението од УНИЦЕФ.

Оттаму велат дека децата сè повеќе растат во средини со нездрава храна кои поттикнуваат лоша исхрана, зголемување на телесната тежина и долгорочни ризици за здравјето. Секое трето дете на училишна возраст веќе има зголемена телесна тежина, што ја нагласува итната потреба од дејствување. Во многу училишта, засладените пијалаци и ултра-преработените ужинки се многу полесно достапни од хранливи и поздрави опции.

Училиштата треба да понудат безбедна средина што поттикнува здрав развој, а здрава средина за исхрана значи редовен пристап до свежо овошје и зеленчук, балансирани и хранливи оброци и училишна средина што охрабрува здрави избори и физичка активност. Локалните власти имаат клучна улога во обезбедување училиштата и снабдувачите на храна да нудат нутритивно богати оброци со достапна цена во согласност со националните насоки. Тие, исто така, можат да го искористат своето влијание за да ги обесхрабрат училиштата од поставување автомати со засладени пијалаци и ултра-преработени ужинки, како и од давање училишен простор за рекламирање на нездрава храна. Преку промоција на нутритивно богата храна во училиштата локалните власти можат да го поддржат физичкиот и когнитивниот развој на децата и да испратат силна порака дека здравјето и благосостојбата на децата се пред комерцијалните интереси“, се наведува во соопштението на УНИЦЕф.

 

Tags: Децалокални избориУНИЦЕФ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ