• Latest
Фотографија: Драган Мишев/ЦИВИЛ

ЕК: Трансформацијата на центрите за азиланти во Албанија во „хабови за враќање“ е во согласност со правото на ЕУ

March 31, 2025
Фото: Скриншот од видео на VISEGRAD/ X

Украина ќе го номинира Трамп за Нобелова награда за мир ако обезбеди прекин на огнот со Русија

October 9, 2025
Илустрација ВИ

Кампањата за Локалните избори 2025 влегува во последните десет дена, партиите продолжуваат со своите активности на терен

October 9, 2025
Фото: Астра/Телеграм

Пожар избувна во најголемата гасна постројка во јужна Русија по напад со дронови

October 9, 2025

(Во живо) Панел на ЦИВИЛ, демократско назадување: Импликации и последици, научени лекции – заштита на демократијата

October 9, 2025

Израел и Хамас се договорија за првата фаза од мировниот план на Трамп за Газа

October 9, 2025
Илустрација: ВИ

СДСМ во Демир Капија, Росоман, Кавадарци и Неготино; ВМРО-ДПМНЕ во Зелениково, Илинден, Центар и Кисела Вода

October 9, 2025

Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

October 9, 2025

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЕК: Трансформацијата на центрите за азиланти во Албанија во „хабови за враќање“ е во согласност со правото на ЕУ

March 31, 2025 14:53
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Фотографија: Драган Мишев/ЦИВИЛ

Фотографија: Драган Мишев/ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Според расположливите информации, најавеното законско решение на италијанската Влада за трансформација на центрите за азиланти во Албанија во „хабови за враќање“ е во согласност со правото на ЕУ, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за внатрешни работи, демократија, правда и владеење на правото Маркус Ламерт.

– Ќе продолжиме да ја следиме имплементацијата на протоколот во неговата нова форма и ќе останеме во контакт со италијанските власти во врска со иновативни решенија, изјави Ламерт одговор на прашање за коментар на тврдењето на италијанската Влада дека Европската комисија „во основа“ го одобрила нејзиниот план за трансформација на овие центри во Албанија.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Ламерт додаде дека Европската комисија е подготвена да ги разгледа сите нови предлози доколку тие се во согласност со законодавството на ЕУ и меѓународното право и доколку со нив не се прекршуваат основните права.

На прашање како тврди дека италијанската директива е во согласност со законодавството на Унијата, кога со неа се предвидува можност за префрлување на мигранти од Италија во трети земји без нивна согласност, што не е дозволено со европската правна регулатива, Ламберт одговори дека според информациите на EK, италијанскиот закон ќе важи само за префрлување во овие центри и „во принцип тоа е во согласност со правото на ЕУ“.

– Центрите во Албанија се дел од постапката што се одвива пред да се изврши враќањето во земјата на потекло. Според информациите со кои располагаме, овие лица би имале решение за враќање од Италија и ќе бидат задржани (во Албанија) додека чекаат на спроведување на одлуката. Тоа е фундаментално различно од концептот на враќање, рече Ламберт.

Според него, правната рамка на ЕУ дозволува отворање центри за враќање во трети земји врз основа на „детален меѓународен договор“, доколку тие држави ги почитуваат меѓународните стандарди за човекови права, вклучувајќи го и „принципот за невраќање“.

На забелешката дека „правната рамка на ЕУ“ на која се повикува е само предлог, кој се уште не е усвоен, а дека според „информации од Еврокомисијата“, важечкото европско законодавство не дозволено префрлање на азилантите во трети земји, Ламерт одговори дека станува збор за различни работи.

– Не знам од каде ви се тие информации. Се уште не е можно да се имплементира концептот на враќање затоа што тој треба да се усвои. Но, тоа е различно од она што го прави Италија во моментов, кога применува национално законодавство, додаде Ламерт, пренесе МИА.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украина ги прекинува дипломатските односи со Никарагва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ