• Latest

Таравари: Впечатокот на околу 70% од населението Албанци е дека ВЛЕН не функционира добро, не е задоволувачко претставувањето на Албанците во Владата

April 1, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Таравари: Впечатокот на околу 70% од населението Албанци е дека ВЛЕН не функционира добро, не е задоволувачко претставувањето на Албанците во Владата

April 1, 2025 09:52
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство и еден од лидерите во коалицијата ВЛЕН Арбен таравари синоќа во интервју за „360 степени“ на МРТ искажа јавна критика за функционирањето на партиите на Албанците во Владата. Според него, коалицијата ВЛЕН функционира „тромо“ и треба да се најде модел за подобра синхронизација. Таквото мислење, како што вели, не било само негово лично, туку го темели и на анкети спроведени пред сѐ меѓу Албанците во земјава.

– Јас мислам дека имаме многу недостатоци. Тоа не е толку до премиерот Мицкоски, колку што е до нас. Постои некаква неусогласеност што се гледа од 100 километри, дека многу бавно функционираме. Впечаток е на народот, што е најлошо за нас, дека ВЛЕН има многу слаба позиција во Владата. Само што направив три анкети, кај Албанци генерално анкетирани. Впечатокот на околу 70% од населението Албанци е дека ВЛЕН не функционира добро, не е задоволувачко претставувањето на Албанците во Владата, кажа Таравари.

Тој дообјасни дека кога зборува за претставувањето на Албанците во Владата не мисли на квантитетот, туку на квалитетот.

– Ако земете во квантум, значи број на министри, број на директори, океј е претставувањето на ВЛЕН во Владата. Меѓутоа, ако го земете квалитативно, тоа не е баш како што треба, не функционира баш како што треба и тоа е генерален впечаток на повеќето, зборувам за Албанците, посочи Таравари.

Во однос на претстојните локални избори и дали ВЛЕН ќе настапи со заеднички листи за советници и кандидати за градоначалници, тој вели дека тоа прашање е отврено уште од лани, кога се појави идејата за ВЛЕН од коалиција да прерасне во една партија.

– Заедничка констатација наша во јули или август минатата година беше дека подобро да одиме со четири партии до локални избори и после локални избори да се обидеме да бидеме една партија. Меѓутоа, тогаш, баш на тој состанок, јас кажав – доколку одиме со четири партии, тогаш и советничките листи добро би било да ги имаме секој за себе. Оти јас знам, 2021 година со Алтернатива ние бевме заедно на локални избори и колку мака имавме две партии да се усогласиме за иста советничка листа. И замислете, сега ќе дојдеме во ситуација четири партии за една советничка листа, рече Таравари.

На прашањето, како прогнозира дека ВЛЕН ќе настапи на следните избори, тој одговори дека посакува да се изнајде формула за да излезат заедно, но, како што наведе „интуицијата му говори дека одржливоста на ВЛЕН и после избори да биде една партија, е скоро невозможна мисија“.

– Можеби грешам, времето ќе покаже, кажа Таравари.

За последната средба во Приштина на лидерите на ВЛЕН со косовскиот премиер Албин Курти, го повтори претходно кажаното дека Курти е пријател и ги советува, и оти спротивно на написите во медиумите, средбата поминала во коректна атмосфера.

За тоа, пак, дали неговите чекори се инспирирани од премиерот на Албанија, Еди Рама, поради загриженост за статусот на Албанците во земјата, Таравари одговори – не. Тој го пофали премиерот Христијан Мицкоски, а ја критикуваше некомпетентноста на кадровските решенија на ВЛЕН.

– Јас мислам дека статусот на Албанците не е лош во Македонија. Никогаш не се случило да има еден ваков коректен однос на премиер спрема коалициските партнери. Ова е суперкоректно, да бидам искрен до крај. Меѓутоа, директорите, заменик-директори, заминик-министри, јас мислам дека не функционира баш како што треба… Меѓутоа, генерално, пак да речам, тој рапорт, тој однос со премиерот е сосема коректен и ова секаде сум го кажал – од Приштина, до Тирана и секаде каде што одам. Меѓутоа, подолу, нас ни треба, на пример, ете ќе земам табли се ставаат по патишта, од тројазични – двојазични и треба ние со медиуми да се занимаваме по три дена, два дена, со прес-конференции ДУИ, па ВЛЕН, за работи коишто се навистина банални. Меѓутоа, за среќа, овој период немало ни монтирани случаи, ни апсења по нарачка, ниту скандали што се направени од претставниците на Владата. И во овој контекст, јас мислам дека е океј функционирањето. Меѓутоа, подолу кога одиме, не е тоа мој впечаток, тоа е генерален впечаток, дека не е баш како што треба, а може многу подобро да биде, рече Таравари.

фото: архива

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ